Контакт

Региони

Отворен музејот на ВМРО во штипско Ново Село

Објавено пред

Во саботата во штипско Ново Село свечено беше отворен „Музејот на ВМРО за Штип и штипско (1893-1934)“, сместен во куќата на старото семејството Андонови, која е типичен пример на стара македонска архитектура која во изминатиот период беше целосно реконструирана, пренесува „1.мк“.

dobivaj vesti na viber

 

„За потребите на новиот музеј, Министерството за култура и Владата на РМ ја откупија оваа куќа и одлучија во него да го сместат овој музеј. Штип е своевиден град-музеј, богат со историја која е особено важна за нашата земја, за нашиот народ. Затоа и овој музеј е само дел од нашата богата историја , сведоштво за нашиот пат до независноста“, изјави на отворањето на музејот министерката за култура, Елизабета Канческа-Милеска.

 

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев истакна дека со низата зафати во Ново Село, се враќа сјајот на ова култно историско место.

 

„Овде се градат две важни цркви а покрај куќата-музеј, овој комплекс ќе биде заокружен и со изградбата на црквата „Свети Димитрие Солунски“, по што општината ќе реализира уште неколку проекти со кои целиот овој дел ќе го добие заслуженото место. Ново Село е важно не само за Штип, туку и за Македонија, бидејќи овде твореле многу дејци и борци кои го дале животот за суверена и независна Македонија. Ова е историски ден за Штип, бидејќи музејот е сведок на нашата борба, и ќе биде патоказ за идни генерации и многу гости“, изјаави Захариев.

 

Во музејот се изложени восочните фигури на Јосиф Ковачев, Мише Развигоров, Тодор Александров, Иван Ванчо Михајлов, Панчо Михајлов, како и на Гоце Делчев и Даме Груев кои не биле штипјани, но учителствувале во Ново село. Куќата на старото семејството Андонови е типичен пример на стара македонска архитектура која во изминатиот период беше целосно реконструирана./крај/мф/бс

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Групација за производство на цигари: Предложениот закон за заштита од пушење сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата

Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките...

Свет37 минути

Ова се земјите што дојдоа да го формираат Одборот за мир на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го претстави својот Одбор за мир. На церемонијата присуствуваа помалку од 20 земји, а меѓу...

Економија2 часа

РКЕ најави паметни броила – граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката на струја

Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во...

Македонија3 часа

Деспотовски: Доста ни е од лагите на сегашното раководство на СДСМ, барам јавно извинување

Јован Деспотовски побара јавно озвинување од СДСМ за упатените навреди кон него и вели дека единствен одговорен за незадоволство помеѓу...

Македонија4 часа

„Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, добро е да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша. Но, бидејќи СДС и Венко...

Свет4 часа

Руте: Не разговарав со Трамп дали Гренланд ќе остане под Данска

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, доцна синоќа изјави дека на состанокот со Доналд Трамп не било разговарано дали Гренланд...

Свет5 часа

(Видео) Републиканците бараат да им се суди на Бил и Хилари Клинтон за нивната поврзаност со Епштајн

Републиканскиот комитет на Претставничкиот дом на САД препорача поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон да се...

Регион5 часа

Вучиќ: Отсега па натаму, историјата ќе се пишува поинаку

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, изјави дека е сигурно дека...

Свет6 часа

Откриено е што може да добие Трамп на Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека постигнал рамковен договор со НАТО „во врска со Гренланд“, а според „Њујорк тајмс“,...

Свет6 часа

(Видео) Путин пресмета колку ќе чини Гренланд

Рускиот претседател Владимир Путин се обиде да ја дистанцира Москва од дебатата за Гренланд. „Што ќе се случи со Гренланд...

Македонија6 часа

Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот

АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од...

Македонија7 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза

Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите...

Свет16 часа

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за...

Македонија22 часа

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, во рамки на форумот во Даовс се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, која ќе инвестира...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче: Нема да го поддржиме законот за „Безбеден град“

Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција, посочи претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање,...

Македонија23 часа

Минчев најави реформа во администрацијата: Нема доживотни функции, нема недопирливи

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната...

Македонија24 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно, фрлени се 300 тони сол

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол. „Скопје,...

Македонија24 часа

Со новиот закон ќе биде забрането пушењето цигари пред игротеки и на места каде што се чека во редица за билети

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или...

Македонија1 ден

МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни пораки во име на директорот на БЈБ и од Единицата за сајбер безбедност

Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност...

Македонија1 ден

Објавено колку Македонци живеат во Германија

Повеќе од 14 милиони странци живеат во Германија, а Украинците станаа втора најголема група странски државјани и наскоро би можеле...