Свет
Асанж – Робин Худ на модерното време или државен непријател

За едни Џулија Асанж е модерен Робин Худ, за други државен непријател број еден. Американската јавност е поделена. Тоа јасно се гледа и од извештаите на американските медиуми, особено „Фокс Њус„.
„Ако САД сака да го види Асанж мртов, тогаш може да го имаат мртов и не мораат да губат време на правни прашања, како што е екстрадицијата“ порачува коментаторот на телевизиската станица „Фокс“.
Овој ултраконзервативен канал, за многу републиканци и бројни конзервативни демократи е извор на информации број еден, а со тоа стана и главна платформа за сите оние кои би го ликвидирале Асанж и тоа по брза постапка.
„Тој човек е непријател на Соединетите американски држави, а како се постапува со нив покажуваат секоја вечер нашите специјалци во Авганистан“ порача Боб Бекел, демократ и поранешен менаџер на предизборната кампања на демократските сили.
„Тој тип би требало…“ почнува Бекел со оваа реченица и прави драмска пауза. Не ни мораше да продолжи, гледачите на оваа телевизија добро знаат што сакал да каже со ова. Тие се заговорници на смртната казна, особено кога станува збор за предавници како Асанж.
Боб Бекел не е за смртна казна, но во случајот за основачот на Викиликс ќе направи исклучок, пренесува германското државно радио Дојче Веле.
„Постои само еден начин како да се излезе на крај со Викиликс, тој треба да се ликвидира“ рекол Бекел.
Има медиуми кои упатуваат и други пораки како оние во кои од претседателот се бара на Асанж да му се додели најголемото признание за храброст. Меѓу нив се дневните весници „Нејшн“, потоа националниот радио и ТВ магазинот „Демокраси нау“, на познатата публицистка Ејми Гудман.
Таа дури го користи и изразот „асанженејшн“, алудирајќи на зборот „асесинејшн“ (убиство) нарекувајќи го вака јавниот линч на десничарските публицисти и политичари.
За левичарите како Гудман и Мајкл Мур, Асанж би можело да се рече дека е светец, Робин Худ за интернетот бидејќи на виделина ги изнесува владините тајни кои ги чинат живот цивилите и војниците.
Мур во меѓувреме, на Викиликс им ги отстапи сите свои сервери, веб страници и интернет адреси. Редакцијата на реномираниот магазин „Тајм“ за малку ќе го прогласеше Асанж за човек на годината. На крајот сепак се одлучи за Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук, кој Викиликс го смета за фасцинантен и тоа отворено го кажува./крај/по/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Британија: Путин изгубил 16 генерали на бојното поле од почетокот на војната

Рускиот претседател Владимир Путин изгубил 16 генерали на бојното поле од почетокот на војната против Украина, според британското Министерство за одбрана, пишува HuffPost.
Британското Министерство за одбрана (МО) вели, како што пренесува медиумот, дека оваа загуба сериозно го нарушила синџирот на команда и контрола во некои делови од руската војска.
Во извештај на социјалната мрежа X, објавен за време на викендот, МО истакнува дека двајца високи генерали биле убиени во 2025 година, а вкупно пет во последните 12 месеци.
„Загубата на толку многу високи офицери веројатно го нарушила синџирот на команда и контрола во делови од руските вооружени сили. Ова веројатно придонело за тактичките и оперативните тешкотии на Русија за време на конфликтот“, вели МО.
Најновата жртва е генерал-мајорот Михаил Гудков, кој почина по украинскиот напад врз руска командна позиција на 2 јули во регионот Курск во западна Русија.
Според Министерството за одбрана, Гудков веројатно ги предводел обидите на поморските пешадиски единици да воспостават тампон зона во украинскиот Сумски регион. Напредокот на Русија во регионот е забавен од украинските контранапади и значителните руски загуби.
Министерството за одбрана претходно објави дека бројот на руски воени жртви надминал еден милион од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.
Свет
Медведев за Фон дер Лајен: Се чини дека злобната старица – гинеколог им здосади на сите

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најверојатно ќе остане на функцијата, иако непријатен впечаток остави приказната за набавката на вакцината „Фајзер“ за време на пандемијата, според заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
„Се чини дека злобната старица – гинеколог им здосади на сите. Покрај тоа, беше откриено дека си ги извалкала рацете и учествувала во манипулации со набавката на вакцините на „Фајзер“ за време на пандемијата“, изјави Медведев.
„Не е познато што, и во какви количини добила, секако остави непријатен впечаток. Ова започна непријатен процес за неа. Уште оваа недела, за судбината на Урсула ќе одлучува бесмислениот и немилосрден Европски парламент. Ситуацијата е нејасна. Многу е веројатно дека оваа токсична жена сепак ќе ја задржи својата позиција“, напиша тој на својот Телеграм канал.
Во понеделникот, Европскиот парламент на својата седница во Стразбур ќе разгледа гласање за недоверба на претседателката на Европската комисија поради сериозни неправилности во набавката на вакцини за време на пандемијата на коронавирусот, пренесуваат медиумите.
Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.