Спорт
Марк Реншоу отстранет од Тур Д Франс
Марк Реншоу од Австралија со глава го туркаше Џулијан Дин од Нов Зеланд во финишот на 11 етапа, со што заработи исклучување од Тур Д Франс и 200 швајцарски франци парична глоба.
Марк Реншоу од Австралија со глава го туркаше Џулијан Дин од Нов Зеланд во финишот на 11 етапа, со што заработи исклучување од Тур Д Франс и 200 швајцарски франци парична глоба. На етапата долга 184,5 километри од Систерон до Бург Ле Валенс победи Марк Кевендиш од Британија (ХТЦ Колумбија) со време 4:42,29 а со исто време на целта влегоа уште 64 велосипедисти. Турканицата во таа група ја започна Џулијан Дин. Возачите како него се „чистачи“ кои обезбедуваат простор за специјалистите во спринт од своите екипи. Дин се обиде да загради цела страна доведувајќи ги во опасност другите возачи, со цел да обезбеди простор за Американецот Тајлер Фарар (Џермин Транзишнс). Казнетиот Реншоу наместо со рамо се одлучи да возврати со глава, и поради невообичаеното туркање тој беше казнет. Како и да е Реншоу со својата постапка му отвори простор на победникот Кевендиш, Петачи беше втор, а Фарар трет. Додека во финишот само среќа ги спаси возачите да не направат карамбол, водечките во генералниот пласман влегоа во целта во истата група со победниците но не ризикуваа да бидат вовлечени во турканици во кои можат да настрадаат. Лутите ривали за победа на Тур Д Франс Енди Шлек и Алберто Контадор додека возеа еден до друг имаа време да си помуабетат. Зборевме за тоа кој каде ќе оди на одмор, изјави Шлек за новинарите. Во генералниот пласман и понатаму ништо не се менува. Контадор заостанува четириесетина секунди зад Шлек. Третиот Санчез, заостанува повеќе од двеипол минути, но сега во врат му дише Менчов кој уште во денешната 12 етапа од Бург Де Пенж до Менд (210км) може да му ја загрози третата позиција. /крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

