Македонија
Филе: Македонија и Грција до јуни да најдат решение за името
Многу е важно пред самитот во јуни Македонија и Грција да може да најдат решение за името
Многу е важно пред самитот во јуни Македонија и Грција да може да најдат решение за името.
Ова во интервју за скопски „Дневник“ го изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе, додавајќи дека не верува во нови рокови.
„Не верувам во нови рокови. Не гледам што е тоа што не може да се направи до јуни, а може до ноември. Не гледам, исто така, временски рок поврзан со НАТО-самитот“, вели Филе.
Според него „не станува збор за недостиг на креативност, туку за недостиг на политичка волја од двете страни за решение што ќе ни дозволи да преговараме со Поранешната Југословенска Република Македонија“.
„Мислам дека сега, кога властите во Скопје разбираат дека ова е последната пречка на патот кон пристапниот процес, ќе сторат сè, заедно со Грција, да најдат решение до европскиот самит“, рече Филе и и порача на Македонија да продолжи со реформите. /крај/дневник/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

