Uncategorized
Промовирана книгата „Името Македонија-историја, право, политика“
Советот за глобална соработка денеска ја промовираше книгата „Името Македонија-историја, право и политика“ од Виктор Габер, во издание на „Југореклам“.
Советот за глобална соработка денеска ја промовираше книгата „Името Македонија-историја, право и политика“ од Виктор Габер, во издание на „Југореклам“.
Ова дело се бави со најболната политичка, економска и социјална пречка за севкупниот развој на самостојна и суверена Република Македонија, а тоа е грчко-македонскиот спор.
„Книгата не е посветена на конкретните политички и историски настани. Во неа зборувам за менталитетот, за климата, психологијата која што 20 година не следи на она што е наше автономно, историско и што произлегува од нашата традиција и култура. Такви сцени секако дека не придонесуваат за подобрувавме на климата што е неопходна при секоја тензија на меѓународен план, за да некој проблем се реши“, рече Габер за своето дело.
Габер во оваа книга укажува на тоа дека спорот ја враќа Република Македонија назад, ја блокира и создава неизвесна иднина.
„Амбасадорот Габер независно од национална определба објективно ги согледува и анализира постапките на двете страни во спорот. Особена е фасцинантна неговата анализа за грчкото општество. За политичката одговорност авторот дава доволно аргументи за помисла, за местото на политиката во третирањето на овој децениски спор“, рече Трифун Костовски, претседател на Советот за глобална соработка, кој воедно беше и еден од промотерите на делото на Габер.
Тој посочи дека за потребите на државата оваа книга треба да се испечати на сите светски јазици.
Љубомир Цуцуловски професорот од Филозофски факултет се осврна на делот од книгата во кој се зборува за лобирањето на Меѓународната заедница.
„Лобирање на Меѓународната заедница во голема мера го усложнува прашањето. САД не признаа под уставното име, меѓутоа нивните амбасадори секојдневно не убедуваат дека треба разумно да постапиме и да прифатиме компромис. Од една страна не признаваат под нашето уставно име, а од друга страна сметаат дека би било добро да го смениме нашето име“, укажа Цуцуловски.Според него исто така битен елемент кој се спомнува во книгата на Габер е суштинската разлика помеѓу поимот име и референца. „Често пати овие поими за жал се поистоветуваат, една од слабостите што Македонија ја манифестира“, истакна Цуцуловски./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Тони Китановски, Баба Сисоко и диџеј Гоце САФ со албум снимен на три континенти
Концертна промоција на албумот „Afro Gitano“: Албум снимен на три континенти што нуди музичко патување без граници. Тони Китановски, Баба Сисоко и диџеј Гоце САФ сабота, 8 ноември, PUBLIC ROOM (во рамки на Skopje Design Week)
Во сабота, на 8 ноември, во Јавна соба, како дел од програмата на Skopje Design Week, македонската публика ќе има ретка можност да ја доживее концертната промоција на албумот „Afro Gitano“ ,заеднички проект на Тони Китановски, легендарниот Баба Сисоко од Мали и диџеј Гоце САФ.
Овој необичен спој на африкански ритми, балканска душа и урбан електронски грув претставува автентично музичко патување што ги руши границите меѓу жанровите и континентите. Китановски вели дека „Afro Gitano е музика што се движи како реката, како луѓето, како слободата“.
Албумот, снимен во време на пандемијата на три континенти и во шест земји, ја носи енергијата на спонтаноста и заедништвото. „Едноставно ќе пролета идеја што ни се чини добра, и тројцата се нафрламе на неа како мала глутница“, раскажува Китановски, откривајќи ја суштината на нивната уметничка хемија.
Африка, Балканот и урбаната сцена во едно
За Баба Сисоко, кого Китановски го опишува како „музичар од највисок ранг и гриот кој со музиката придонесува за мирот на земјата“, оваа соработка претставува спој на духовноста на западноафриканската традиција и џез-импровизацијата.
Во проектот се вклучува и диџеј Гоце САФ, кој со својата хип-хоп енергија внесува современа урбана димензија: „Џезот и хип-хопот се од иста мајка,“ вели Китановски, додавајќи дека триото создава „компактна единица во која секој ја задржува својата музичка суштина, а заедно пловиме беспрекорно.“


Музика што ја почитува традицијата и ја прегрнува слободата
Во „Afro Gitano“, Китановски ја продолжува својата долгогодишна мисија – да создава музика што е истовремено прастара и современа, длабоко вкоренета и бескрајно слободна. „Музиката е секогаш онолку добра колку што е блиска до коренот,“ вели тој, нагласувајќи дека искреноста кон себеси е единствениот пат до автентичност.
Албумот го издава лондонска издавачка куќа, а како што посочува Китановски, „само оригиналноста може да ја отвори портата кон светот.“
Настан што обединува музика, уметност и дизајн
Настапот е дел од Skopje Design Week – платформа што ги поврзува различните уметнички дисциплини. „Музиката е дизајн од невидливи треперења во воздухот и со тоа природно се вклопува во настанот,“ додава Китановски.
Публиката може да очекува концерт исполнет со ритам, импровизација и слобода. „Сакам да си поминат убаво, да се изнаиграат без да им биде гајле за другите околу нив, и секој да си пее различна песна од нашиот репертоар на пат за дома – само тогаш ќе знам дека албумот е навистина добар,“ вели Китановски.
Uncategorized
(Видео) Се урна дел од кулата Торe деи Конти во центарот на Рим – еден работник заробен под урнатините, четворица спасени
Дел од кулата Торе деи Конти во центарот на Рим, која во моментот се реконструира, се урна денеска, објавија италијанските медиуми. Објектот се наоѓа во близина на римскиот Форум. Според првичните информации, еден работник е повреден, а четворица, кои биле блокирани во горниот дел од кулата, се спасени.
Околу 13 часот се случило второ уривање додека спасувачките екипи и полицијата веќе биле на терен поради првиот инцидент, кој се случил околу 11.20 часот, пренесува „Кориере дела сера“.
Paura in centro a #Roma, vicino ai Fori imperiali. Intorno alle 11.20 è crollata parte della Torre dei Conti in largo Corrado Ricci, attualmente in ristrutturazione. Secondo le prime informazioni ci sarebbero delle persone bloccate sotto le macerie.#Tg1 pic.twitter.com/Xj43qlQUqH
— Tg1 (@Tg1Rai) November 3, 2025
Работникот кој сè уште е заробен под урнатините е државјанин на Романија. Специјалната единица на пожарникарите (SAF) се обидува да му пристапи преку мал прозорец од левата страна на кулата. Тој се наоѓа на првиот кат, свесен, е одговара на повици и соработува со спасувачите.
Во моментот кога пожарникарите се обидувале да го извлечат заробениот работник се случило ново уривање на внатрешниот дел од структурата. Кулата сега е нестабилна и постои ризик од целосно уривање. Целото подрачје е евакуирано и обезбедено, а облак од прашина ги покрил спасувачите и случајните минувачи, но без потешки последици.
Еден од спасените работници, стар 64 години, е итно пренесен во болница.
Uncategorized
Нови првични резултати: Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, во Карпош Лукровски
Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори 2025, во Скопје води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со над 71.875 гласа наспрема Амар Мециновиќ од Левица со 41.522 гласови од пребројани вкупно 77,53 отсто од избирачките места.
Во повеќето општини водство има Ѓорѓиевски, освен во Карпош и Центар, каде повеќе гласови има Мециновиќ.
Во Карпош, од 62,22 отсто обработени гласови Стевчко Јакимовски има 42,56 отсто или 7.641 гласови, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Сотир Лукровски 47,65% или 8.555 гласови.
Во Центар од 75,15% обработени гласови, кандидатот на ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ има 38,63% или 6.138 гласови, додека кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски има 52,39% или 8.325 гласови.

