Регион
Словенија во шок: Со нож среде ден на автобуска ја заклал партнерката

Жителите на словенечкиот град Целје беа шокирани во петокот од злосторство извршено на автобуска постојка пред локалниот трговски центар, кога маж со нож уби жена, наводно поранешна партнерка, а потоа избегал, јавуваат тамошните медиуми.
Според првичните изјави на очевидци и штурите информации од полицијата, којашто најави соопштение за случајот дури во понеделник, мажот со нож во вратот пресекол 33-годишна жена која на постојката била во друштво на пријателка, од што и покрај брзата лекарска помош која ѝ била укажана, наскоро починала.
Напаѓачот побегнал, но малку подоцна ѝ се предал на полицијата во местото Словенска Бистрица. Станува збор за 39-годишен словенечки државјанин, а 33-годишната жртва наводно е државјанин на Домениканската Република со која имале тригодишно дете, кое било со мажот кога се предал.
Извршен е увид, а мажот е притворен, а резултатите ќе бидат соопштени во понеделник на прес-конференција.
Медиумите алармираат дека според едно истражување, семејното насилство а особено насилството над жените во Словенија во текот на последните години е во голем раст. Речиси половината од жените кои умираат од насилна смрт ги усмртува нивниот поранешен и сегашен партнер, а од 2000 до 2011 година полицијата регистрирала 127 убиства и обиди за убиство, кои биле последица на кавга меѓу партнерите со трагичен крај. Притоа в9 72 отсто од случаите жртви биле жените./крај/мф/сн
Извор: STA/Delo
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Авион на „Рајанер“ удри во ограда на грчки аеродром, оштетено крилото

Авион „боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпел оштетување на врвот на десното крило кога удрил во заштитна ограда при движењето на аеродром во Грција. Нема повредени патници или членови на екипажот, а авионот оттогаш е вратен во употреба.
Летот „ФР6080“ на „Рајанер“ полетал од аеродромот „Станстед“ во Лондон вчера во 9 часот наутро. Иако патниците пријавиле дека доживеале турбуленции за време на летот, авионот безбедно слета на меѓународниот аеродром „Каламата“ во 14.24 часот по локално време.
Ryanair flight FR6080 Right winglet hit a fence at Kalamata airport in Greece during taxiing after landing.
The Boeing 737 aircraft had arrived from London Stansted when the incident happened.
Ryanair spokesperson said the aircraft had landed safely, but as it taxied, “the… pic.twitter.com/4cKoHi5Pk8
— FL360aero (@fl360aero) June 19, 2025
По слетувањето на јужната писта, авионот скршнал од пистата кон платформата. За време на движењето неговото десно крило удрило во црвено-бела заштитна ограда и застанало. Фотографиите објавени на интернет покажуваат дека долниот дел од закрилата виси лабаво, делумно одвоен од остатокот од структурата.
Регион
БиХ ги евакуира своите граѓани и амбасадори од Израел и од Иран

Властите на Босна и Херцеговина почнаа подготовки за евакуација на своите граѓани и дипломатскиот персонал, како и привремено затворање на амбасадите во разорените од војна Иран и Израел.
Според соопштението на Министерството за надворешни работи на БиХ, шест граѓани на таа земја побарале конзуларна помош во Техеран, а уште двајца во Тел Авив, за да бидат евакуирани од овие земји. Тие додадоа дека со помош на меѓународни партнери се обидуваат да организираат безбедна евакуација на граѓаните.
Тие додадоа дека амбасадите немаат информации за повредени или убиени граѓани на оваа земја во ескалацијата на војната.
Вчера, Претседателството на Босна и Херцеговина, на вонредна седница, одлучи привремено да ги затвори амбасадите на БиХ во Иран и во Израел и да го евакуира дипломатскиот персонал.
Во меѓувреме, помош за граѓаните во двете земји ќе обезбедат дипломатските и конзуларните претставништва во Република Турција, Кралството Јордан и Арапската Република Египет.
Регион
(Видео) Кит снимен во близина на Дубровник

Во близина на Дубровник, поточно кај островот Локрум, е снимен кит. Тој го привлече вниманието на капачите кои беа на плажата, објавија хрватските медиуми.
Додека некои на плажата коментираа дека нема да се приближуваат до морето некое време, на социјалните мрежи некои луѓе видоа можност за профит и нов бизнис.
„Од денес набљудувањето китови од брегот е 250 долари“, гласеше коментар што насмеа многумина. „Ќе поставам сепаре за 300 евра“, одговори еден корисник.
Се верува дека фотографијата е од перкаст кит, второто најголемо животно во светот, веднаш по синиот кит. Расте до 26 метри и може да тежи до 70 тони. Препознатлив е по своето издолжено, тенко тело и интересната асиметрична боја: едната страна му е бела, другата темна. Исто така, тој е еден од најбрзите китови, способен да плива со брзина до 40 километри на час.
Овој вид обично живее во длабоките мориња и океани во целиот свет, а ретко и случајно влегува во Јадранското Море.