Контакт

Македонија

МВР: Најверојатно автомобилот на Бошкоски е одземен со оригинални клучеви

Објавено пред

Автомобилот „Ланчиа“, сопственост на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, најверојатно е одземен од дворот на семејната куќа со оригинални клучеви, велат првичните информации на полицијата.

dobivaj vesti na viber

Автомобилот „Ланчиа“, сопственост на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, најверојатно е одземен од дворот на семејната куќа со оригинални клучеви, велат првичните информации на полицијата.Од СВР Скопје за „Макфакс“ информираат дека пријавата за грабежот  е добиена изутрината во 10:50 часот. Покрај кражбата на автомобилот, извршено е и претурање на предмети во домот на Бошкоски. По извршениот увид од страна на полицијата, куќата е запечатена поради отсуство на нејзините сопственици. Од полицијата велат дека работат на пронаоѓање на сторителите. /крај/ач



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„Вреди“: ДУИ јавно ја призна вината за бришењето на дијаспората

Објавено пред

Денес, пред очите на јавното мислење и медиумите, Демократската унија за интеграција јавно ја призна вината за една од најсериозните и неуставни неправди врз Албанците од Северна Македонија, бришењето на дијаспората од пописот на населението во 2021 година преку скандалозната методологија што ги подели жителите на резиденти и нерезиденти, велат од „Вреди“

dobivaj vesti na viber

Наместо да дадат отчет за овој сериозен политички и национален чин, како што истакнуваат во реакцијата, тие избегнаа каква било одговорност, молчејќи за фактот дека пописот е спроведен во време кога ДУИ беше на власт и имаше свој претставник во Државниот завод за статистика.

„Зошто ја избришавте албанската дијаспора од пописот?
Која беше валканата политичка зделка што ја направивте и со кого?
Зошто ги исклучивте Албанците од дијаспората од донесувањето одлуки кои со децении придонесуваат за оваа земја?“, прашуваат од „Вреди“.

Според нив, тоа е невиден чин, со кој се нарушува фундаменталното право на дијаспората да биде составен дел од албанскиот народ во Северна Македонија, не само емоционално, туку и правно и институционално.

„Сега е јасно: ДУИ, заедно со своите нонграти пријатели, не само што молчеа за оваа неправда четири години по ред, туку денес признаа дека биле коорганизатори на овој неправеден процес, а притоа не дадоа никаков одговор за нанесената штета.
Додека Албанците од дијаспората беа изоставени, ДУИ денес прави нови пазарења за заеднички листи на локалните избори. Дали ова е предупредување за нов таен договор меѓу ДУИ и нејзините патерици? Со овој договор, дали новите сојузници ја амнестираа ДУИ за овој срамен чин“.

Од „Вреди“ велат дека таквите неправди нема да останат неказнети.

Во октомври 2025 година, како што додаваат, најсилниот одговор ќе дојде од граѓаните и дијаспората, кои ќе изберат еднаквост, правда и достоинствено претставување, а не пазарење и манипулација.

„Вреди“ ќе продолжи да ја потсетува албанската јавност на сите антиалбански одлуки на претходниот режим. Оние кои ја исклучија дијаспората ќе бидат исклучени и од локалната власт. И тоа ќе го сторат граѓаните со својот глас, додаваат од оваа партија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дали пироманите и некрофилите од СДС се радуваат на пожарите и мислат дека ќе помине паниката која ја прават во државата со фотографии од пожари во Шпанија, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Пироманската и некрофилската СДС сака да создаде некаква паника и хистерија помеѓу народот и дава се од себе да направи некаква слика дека Владата не се справува со пожарите, нешто во кое што никој не им верува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

СДС, додаваат од партијата на Мицкоски, тоне во својата безидејност и немајќи како да докажат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не се справува со пожарите, користат слики од пожари во Шпанија за да пробаат некако да си ја потврдат тезата.

„Во Бугарија има над 240 пожари, во Грција над 50, во Турција над 80, во Албанија над 40, во Косово на 10тина. Се евакуираат граѓани од местата каде што имаат пожари, се повикуваат ЕУ механизмите, надлежните институции и пожарникарите се 24 часа на терен и цел Балкан е на силен удар на високи температури и пожари кои уништуваат куќи, имоти, земјоделски површини. Во неколку од овие држави имаме дури и жртви.

Од друга страна пак, во Македонија имаме 8 активни пожари, 7 под контрола и 36 изгаснати пожари. Тоа значи дека надлежните реагираат брзо и ефикасно. Тоа значи дека она што го говорат пироманите и некрофилите од СДС, не е воопшто точно“, се истакнува во информацијата од партијата на власт.

Според нив, граѓаните знаат дека СДС изминатите 7 години не успеа да се справи со пожарите, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги користи сите механизми кои се пристапни да ги изгаснат пожарите и успешно се справува.

„Прашањето е, дали СДС со ова сака да го покрие сомнежот дека лица блиски до нив имаат некакво учество во подметнувањето на пожарите, кои за среќа веднаш се локализираат, ставаат под контрола и гасат.

Следен пат кога пироманите и некрофилите од СДС ќе говорат за пожари и неуспеси, нека се обидат барем сликата да биде од Македонија“.

Прикажи повеќе...

Македонија

И јас ќе ги прашам Фетаи и Меџити дали користеле службени возила за приватни или партиски цели, вели Мицкоски

Објавено пред

Десет дена по медиумските објави, во кои се гледаат службени возила на вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи нешто пред полноќ паркирани пред трговскиот центар „Мавровка“, премиерот Христијан Мицкоски не знае дали таму биле на владин состанок. Тој денес рече дека ќе ги праша на каков состанок биле со службените возила.

dobivaj vesti na viber

„Ние како Влада работиме до доцна навечер, и јас исто така. Сигурно биле на состанок во кој имало потреба и поврзани работи со Владата, а доколку не биле, тогаш треба да им се извинат на граѓаните. Ако ги користеле за приватни или партиски цели, да им се извинат на граѓаните затоа што ги трошат ресурсите на граѓаните. Но, доколку имале состанок на тема поврзана со владините политики, тогаш во ред. Претпоставувам дека тие ќе го дадат одговорот, а и јас ќе ги прашам“, рече премиерот Мицксоки.

Екипа на „360 степени.мк“ на 18 јуни објави дека ги фотографирала службените автомобили на заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, и на вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, паркирани на булеварот Крсте Петков-Мисирков пред трговскиот центар „Мавровка“ околу 23 часот, во близина на партиски штаб на „Вреди“, чии членови се обајцата.

Вицепремиерите сѐ уште јавно не кажаа на каков состанок биле.

За да се избегне користењето службени возила за приватни и за партиски цели, оваа Влада најави регистарски таблички во боја за да може секој граѓанин да ги разликува од приватните возила и да пријави сомнеж за злоупотреба, но најавата сѐ уште не е реализирана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

И јас ќе ги прашам Фетаи и Меџити дали користеле службени возила за приватни или партиски цели, вели Мицкоски

Десет дена по медиумските објави, во кои се гледаат службени возила на вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи нешто пред...

Македонија2 часа

Мицкоски за интерпелацијата на Коцевски: Јас не ги менувам ставовите преку ноќ

На еден ден пред расправата за интерпелацијата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата Левица, премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија6 часа

Споменик на Андон Лазов Јанев-Ќосето поставен на кружниот тек во Автокоманда

Споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој беше отстранет од пред комплексот судови, е поставен на кружниот тек во...

Спорт7 часа

(Видео) Македонски судија нападнат на кадетското Европско првенство во бокс

Извор и фото/ b92.net Заврши Европското првенство за кадети и кадетки (ученици на возраст од 13 и 14 години), кое...

Македонија7 часа

Во изминатото деноноќие имало 51 пожар во Македонија, денеска активни осум

Во текот на изминатото деноноќие, 27/28.07, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар, од кои осум се...

Свет8 часа

Рубио: Трамп го губи трпението со Путин, размислува за драстични мерки

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е сè повеќе фрустриран од недостатокот на напредок на Русија кон мировниот договор и сега...

Регион8 часа

Вучиќ: Србија нема да воведе санкции против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и дека ќе се држи до...

Свет8 часа

САД и ЕУ постигнаа договор за царините

Соединетите Американски Држави и Европската Унија постигнаа рамковен трговски договор, објавија американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија,...

Македонија16 часа

Паника во Катланово и Петровец поради голем пожар, Ангелов смирува дека нема опасност да се запали бензинската

Попладново пожар изби и помеѓу Катланово и Петровец. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вечерва во видео-изјава...

Македонија20 часа

И војниците на АРМ ќе се вклучат во гаснење на пожарот во кривопаланечкото село Нерав

Пожарот во кривопаланечкото село Нерав уште е активен, на терен се повеќе екипи на територијалните противпожарни единици од Крива Паланка...

Топ21 час

Силувани деца на возраст од 3 и 10 години во Гостивар, мајката ги снимила и видеото го пратила на таткото

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека...

Македонија23 часа

Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор

До 13:30 часот на 27 јули 2025 година, на територијата на државата се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор,...

Македонија1 ден

Хеликоптерска акција во Штип: Полициски службеници спасија повреден војник од борбата со пожарот

Во време кога летните горештини го зголемуваат ризикот од пожари, а бројот на активни огнени жаришта се зголемува ширум државата,...

Македонија1 ден

Шумскиот пожар во Крива Паланка се шири кон куќите, екипите се на терен

Шумскиот пожар што од вчера напладне зафати над 50 хектари борова шума во кривопаланечкото село Нерав, според информациите од Општина...

Uncategorized1 ден

Пожарникарите неуморно и секојдневно на терен, во едно деноноќие се гасеа 33 пожари

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се...

Регион1 ден

Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките...

Македонија1 ден

Чекање до 45 минути на Табановце и Пелинце, а на Богородица околу 30 минути

Со зголемувањето на летните одмори и интензивните туристички патувања, на македонските гранични премини повторно се бележат големи гужви. Најголемиот притисок...

Свет2 дена

Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации....

Македонија2 дена

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица е под контрола

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и...

Македонија2 дена

Анегелов: Пожарот на Готен не може да загрози ниту едно село

На територијата на целата земја денеска има шест активни пожари, а најтешкиот и најспецифичен е пожарот на планината Готен, на...