Контакт

Македонија

Работилница за новото управно законодавство

Објавено пред

Работилница на тема “Примена на новото управно законодавство“ за поддршка за подобрување на владеењето на управувањето, ќе се одржи денеска во Скопје

dobivaj vesti na viber

Работилница на тема “Примена на новото управно законодавство“ за поддршка за подобрување на владеењето на управувањето, ќе се одржи денеска во Скопје.

Според најавите, на дводневниот собир ќе присуствуваат владини, претставници на ЕУ и на Државниот управен инспекторат. /макфакс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Почна санацијата на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола

Објавено пред

Од

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, советникот Бојан Бојкоски и претставници од одделението за комунални дејности во општина Битола, денес извршија увид на работните активности за санација на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“.

dobivaj vesti na viber

Од Општината информираат дека со овој проект, во износ од 46.031.312 денари опфатена е санација на постоечките скалници – седишта, премачкување, обработка, поставување на седишта, за што ќе бидат набавени 4.852 парчиња, вклучувајќи ги и резервните и ќе се изврши заштита на сите челични елементи, вклучувајќи ја и настрешницата.

Проектот за санација на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ е проект за кој Општина Битола доби финансиска поддршка од Владата, преку првиот повик за инвестициии во инфраструктура.

Паралелно, Општина Битола во соработка со ФФМ работат на исполнување на условите на УЕФА, за одигрување на меѓународниот натпревар на 9 септември за селекциите до 21 година, помеѓу Македонија и Италија.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На судиите на Заев и Ахмети не им е доволно што Мерко е на црната листа на САД

Објавено пред

Пресудите за Рамиз Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако претходно денес судот на струшкиот градоначалник му изрече парична казна од 100 дневни глоби од по 100 евра или вкупно 10 000 евра за незаконското именување на директори на училишта.

dobivaj vesti na viber

Од владејачката партија потсетуваат дека истиот судија претходно, го прогласи Мерко за невин за набавката на луксузното ауди А6 од 67 000 евра и уште три други автомобили со вкупна вредност од 114.000 евра.

„Функционерите на СДС и ДУИ прекршувале законски прописи, ги урнисаа институциите но и покрај тоа влакно не им фали, и додека расипнички се однесувале кон државата и институциите енормно се обогатија врз грбот на граѓаните. САД го ставија Рамиз Мерко на американската црна листа поради значајна корупција но и тоа не им е доволно на судиите и обвинителите клиентелисти на Заев и Ахмети“, се вели во реакцијата на владејачката партија.

Се додава и дека олицетворение на правосудниот колапс е Рамиз Мерко, чии судски предмети чудесно застаруваа или беа сторнирани. Пресудите за Рамиз Мерко, велат од ВМРО-ДПМНЕ, се доказ за правосудниот колапс на судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица.

„Легитимно се поставува прашањето дали постојат институции да го спречат Мерко?“, велат од партијата.

На Мерко не му беше изречена затворска казна, туку парична од 10.000 евра, а беше образложено дека судијата ги земал во предвид олеснителните околности, меѓу кои и тоа што Мерко нема претходни осуди. Беше образложено дека директорите во училиштата не биле бирани од редот на вработените, не бил објавен јавен оглас, немале работно искуство најмалку 5 години и биле бирани едно по друго, спротивно од Законот.

Против Мерко се водат уште два предмети поврзани со назначување директори во други училишта, и процес за незаконско поставување споменик пред зградата во Општината.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ефективен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, Апелација им го укина куќниот

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје ја укина мерката куќен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи и им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

dobivaj vesti na viber

Од судот информираа дека мерката куќен притвор за Васев и Нухи е укината поради постоење основано сомневање за злоупотреба на службената положба, измама во службата и проневера во службата.

Одлуките со образложените причини, ќе бидат објавени во целост на веб страната на Судот.

Во случајот со Онкологија поднесени се две обвиненија. Едното е за економското работење на клиниката, а второто со кое се гонат и лекари онколози од клиниката, се однесува за третманот на пациентите. На 29 пациенти им било давано несоодветна терапија, додека пак на 16 им се давало терапија која воопшто не им била потребна.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Ефективен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, Апелација им го укина куќниот

Апелациониот суд Скопје ја укина мерката куќен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи и им определи...

Македонија1 час

Градоначалникот Мерко казнет со 10.000 евра за незаконското назначување на директори

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е проглаен за виновен од страна на судот за несовесно работење во службата поради незаконското назначувањето...

Македонија2 часа

(Видео) Повредените во Кочани ќе добиваат по два чифта компресивна облека на шест месеци и препорачливо е да ја носат две години

На 58 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани веќе им е дадена компресивна облека и носењето ги дава...

Македонија4 часа

Адвокатот побара ослободување на Љупчо Палевски поради недостиг на докази

Адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски, Јовица Страшевски, побара неговиот клиент да биде ослободен од обвиненијата за убиствата на Вања Ѓорчевска...

Македонија4 часа

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра – пруга без проект, но со веќе пресметана провизија“, вели Кузеска

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Пред...

Македонија5 часа

Стопирана изградбата на објектот во охридската чаршија, инвеститорот немал одобрение

Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам направи вонредна контрола на објектот во изгрaдба во Старата охридска чаршија, односно во заштитетната...

Македонија5 часа

Акиов: Не сум гомнар, туку борец за правда, чашата беше прелеана од советникот Алексов

Советникот Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) преку социјалните мрежи, по насилниот инцидент, порача дека тој...

Топ6 часа

Удрил во метален столб, а потоа прегазил пешаци: загина охриѓанка, возачот уапсен

Вчера во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“...

Македонија7 часа

„Вчерашното насилство е дел од сценарио што самиот Филипче го има направено пред еден месец во Дубаи на средба со Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Венко Филипче се впуштија во реализација на сценарио за негов спас и за дефокус на македонската јавност. Инцидентот...

Свет7 часа

Израелскиот министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка...

Свет8 часа

Хезболах објави дека ќе го поддржи Иран: Ќе дејствуваме соодветно

Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, изјави дека групата со седиште во Либан не е неутрална и дека стои зад...

Свет9 часа

Русија: Убиството на врховниот лидер на Иран би ја отворило Пандорината кутија

Промената на режимот во Иран е „неприфатлива“ и атентатот врз врховниот лидер на земјата „би ја отворил Пандорината кутија“, изјави...

Свет9 часа

(Видео) Иран лансира нов бран ракети кон Израел

Иранската војска испука нов бран ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Нападот доаѓа откако Израел издаде предупредување за евакуација до...

Свет9 часа

Шефицата на дипломатијата на Северна Кореја: Со Русија имаме најсилен, непобедлив сојуз

Министерката за надворешни работи на Северна Кореја, Чое Сон-хуи, го поздрави договорот за меѓусебна одбрана меѓу Северна Кореја и Русија...

Свет10 часа

Израелци: Ирански проектил се отвори на висина од 7 км и се распрсна на мали бомби

Иран во неделата испали ракета врз Израел што расфрла мали бомби со цел зголемување на цивилните жртви, соопштија израелската војска...

Свет10 часа

Тајниот нуклеарен објект на Иран што може да го погоди само американска бомба

Во планинска област јужно од Техеран, скриен длабоко под земја, се наоѓа Фордо – објект за збогатување на ураниум кој...

Свет17 часа

(Фото) Сателитските снимки покажуваат штета на иранскиот нуклеарен реактор во Арак

Нови сателитски снимки со висока резолуција објавени денес од „Максар Технолоџис“ покажуваат значителна штета на иранскиот реакторски комплекс во близина...

Свет20 часа

Трамп ќе одлучи дали да го нападне Иран во рок од две недели, објави Белата куќа

Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе донесе одлука за евентуален напад врз Иран во следните две недели....

Македонија22 часа

Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ. Сообраќајот на...

Свет22 часа

Израелскиот министер за одбрана: Хамнеи не треба да постои

При посетата на местото на ракетниот напад утрово во Холон, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека врховниот лидер...