Македонија
Транзицијата во Македонија – политички модел
Транзицијата во Македонија наместо да биде обичен премин од една општествена матрица во друга, се претвори во општествен, политички и вредносен систем, заклучија дискутантите на денешната дебата.
На јавната дискусија на тема Жртвите на транзицијата и нејзините последици, како дискутанти настапија: новинарот Мирка Велиновска, проф. Нано Ружин, м-р Владимир Божиновски, д-р Кире Постолов и професорот Бранислав Саркањац.Според новинарот Мирка Велиновска, нејзината генерација се јавува во улога на креатор и одржувач на транзициониот општествен систем но истовремено е и жртва на истиот.„Ние од една страна сакаме да излеземе од овој систем а од друга страна правиме се со своите професии и професионални ангажмани што подолго да го одржиме во живот,“ рече Велиновска и додаде дека според неа е многу чудно што Македонија е едно општество кое толку жестоко сака промени а истовремено толку жестоко се спротивставува на било која промена што значи реформа.„Денеска е општо познато дека само со книшката на ВМРО ДПМНЕ може да добиете работа,“ рече професорот Нано Ружин.Според него, во Македонија сеуште не се почитуваат доволно граѓанските слободи за да функционира добро демократијата. Ружин истакна дека во државата има забележлива пракса на ксенофобија, и популизам но исто така и на антикомунистички болшевизам, односно дека методите од изминатиот систем сеуште ги употребуваат сите политички партии во Македонија.Д-р Кире Постолов кој ја водеше дебатата, ја опиша транзицијата во Македонија, рецитирајќи стихови од песната „Да полетам“ од изведувачот Слаткар, велејќи дека и помладите генерации се жртви на транзициониот систем.
Јавната дебата се одржа воорганизација на Институтот „Димитрија Чуповски.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

