Македонија
Изборниот законик и Судскиот совет теми на средбата кај Вељаноски
Изборниот законик и измените на Законот за Судски совет се точките за кои денеска треба да се разговара на продолжението на координациската средба кај собранискиот спикер Трајко Вељаноски.
Изборниот законик и измените на Законот за Судски совет се точките за кои денеска треба да се разговара на продолжението на координациската средба кај собранискиот спикер Трајко Вељаноски. Опозицијата најави дека нема да биде дел и од денешната средба.Во понеделникот Вељаноски заедно со координаторите и потпретседателите на Собранието од парламентарното мнозинство повторно ја повикаа опозицијата да дојде на координација и заеднички да продолжат со работа.На координацијата претставник од Министерството за правда треба да ги образложи дадените решенија за Изборниот законик и за Судскиот совет. На средбата во понеделникот беше донесен заклучок претседателот на ДИК да биде од најголемата опозициска партија СДСМ. Вељаноски во таа насока ги повика во законскиот рок до сабота СДСМ да достават нивен предлог за претседател на ДИК. Предложениот кандидат како што посочи Вељаноски ќе ја добие целосната поддршка од владејачкото мнозинство.За Комисијата за утврдување на состојбата со избирачкиот список утврдено е дека треба да биде составена од претседател и десет члена. Претседателот треба да биде од СДСМ, а по еден член од НСДП, ЛДП, ДПА и НД, како и членови од владината коалиција. Според Вељаноски, Комисијата од седум до десет дена треба да ја констатира состојбата со Избирачкиот список. До четврток,како што информираше првиот парламентарец треба да бидат доставени персоналните решенија за составот на Комисијата по што на 15-ти март на редовна собраниска седница заедно со изборот на претседател на ДИК треба да се најдат на дневниот ред. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

