Свет
Истрагата за кокаинот темелно се работи, не се одолжува
Истрагата за запленувањето на половина тон кокаин на преминот Блаце не се одолжува, туку темелно се работи, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, по вчерашната промоција на новиот Кодекс на етика на македонската полиција.
Истрагата за запленувањето на половина тон кокаин на преминот Блаце не се одолжува, туку темелно се работи, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, по вчерашната промоција на новиот Кодекс на етика на македонската полиција.
Прашанa зошто досега нема нови апсења во истрагата за случајот со запленетиот кокаин, министерката рече: „Се работи за еден од најкрупните случаи на недозволена трговија со наркотични средства и токму затоа обезбедувањето на квалитетни докази за поткрепа на обвинението е најважна работа во овој момент“, рече Јанкуловска. Таа не ги коментираше тврдењата за наводни малтретирања на уапсени полицајци во случаите на мито на граничните премини, посочувајќи оти нема доволно информации за тоа и дека затворите се во надлежност на Министерството за правда, односно Управата за извршување санкции. Според министерката, контролата на македонската граница кон Косово во континуитет е засилена и се одвива во рамки на редовните задачи на полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата Франциско ги осуди злоставувањето и злоупотребата на децата
Папата Франциско денеска во своето неделно обраќање ги осуди луѓето кои злоставуваат деца и оние кои на кој било начин се соучесници во злоупотребата на малолетници.
„Бараме благодат повторно да го откриеме важното место кое секое дете го зазема во Божјото срце, за никој да не биде соучесник во злоупотребите што се вршат врз него, но и жестоко да ги осудиме“, рече папата Фрањо, објави АНСА.
Тој рече дека „децата заземаат привилегирано место во Божјото срце“ и дека секој што ќе им наштети „ќе мора да одговара за тоа пред Бога“.
Регион
„Се обидуваме да откриеме дали има некаква мутација“, кажа грчкиот министер за здравство по потврдата за првиот случај на метапневмовирус во Грција
Во Солун е потврден првиот случај на човечкиот метапневмовирус (ХМПВ) кај 71-годишен маж, кој е хоспитализиран.
Според грчките медиуми човекот се заразил од неговата ќерка која била во Кина на одмор.
Министерот за здравство Адонис Георгиадис во интервју за грчките медиуми, по објавувањето на првиот случај на метапневмонија во Солун кажа дека повозрасниот маж е хоспитализиран во болница во Солун.
„Се обидуваме да откриеме дали има некаква мутација на вирусот, бидејќи има карактеристика лесно да мутира и сакаме да се види дали има некои поопасни карактеристики“.
„Го чекаме деталниот преглед кој го побаравме“, нагласи Адонис Георгиадис.
Тој категорично посочи дека „во овој момент нема посебна причина за загриженост за вирусот ниту за Грција, ниту за Европа“.
„Метапневмовирусот не е нешто ново, како што беше Ковид во 2019 година, кога започна од Кина. Станува збор за познат вирус кој напаѓа луѓе што со нарушено здравје или мали деца, кои сè уште немаат развиено имунитет“, објасни Георгиадис.
Свет
Исчезнат планинар е пронајден во Австралија по 13 дена потрага
Хади Назари, 23-годишен студент по медицина, беше пронајден жив откако исчезна пред 13 дена на 26 декември минатата година додека планинареше во австралискиот национален парк Кошчиушко.
Откако се разделил од своите пријатели за да го фотографира пејзажот, тој се изгубил во регионот на Снежните Планини.
Потрагата, во која учествуваа стотици волонтери, меѓу кои и пријателите и семејството на исчезнатиот ученик, траеше речиси две недели. Го спасила група планинари кои го пронашле денеска во близина на Синото езеро, на околу 10 километри од кампот каде што требало да се сретне со своите пријатели.
Според началникот Ендрју Сплит, Назари бил дехидриран, но бил свесен и не бил сериозно повреден. Брзата помош веднаш со хеликоптер го пренела во болница на дополнителен преглед.
Назари преживеал на две плочки од житарки пронајдени во планинска колиба, бобинки и вода од поток. Сплит ја пофали неговата снаодливост и упорност и истакна дека поминал значително растојание во тешки услови.
Неговото семејство, видно трогнато, рече дека ова е „најсреќниот ден во нивниот живот“. Спасувачката операција заврши успешно и покрај предизвикувачките временски услови. Полицијата ќе разговара со Назарио откако тој ќе заврши со опоравувањето во болница за да ги разјасни сите околности на неговото исчезнување.