Црна хроника
Кој ќе управува со вадењето на бродот ?
„ Илинден “ останува на дното додека македонската и бугарската страна да се договарат кој ќе ја раководи операцијата која е дел од истрагата
Непостоењето на македонско – бугарска меѓудржавна спогодба за соработка во сефарата на обвинителствата е момент кој привремено го запре извлекувањето на бродот „ Илинден “ на површината на Охридското езеро.
Хрватската фирма „ Дубина “ се јавува само како технички реализатор на зафатот, но, постапката ја усложнува фактот што остатоците од „ Илинден “ се доказен материјал за истражната, односно, судската постапка која ќе следи.
Како странки во постапката секако ќе се јават Република Македонија и Бугарија како држави, но и семејствата на загинатите бугарски државјани.
Вадењето на „ Илинден “ и фактите кои притоа ќе се утврдат впрочем се најважниот дел од истрагата за причините за несреќата, поради што неофицијално, бугарскиот заменик државен обвинител се обидувал за себе да обезбеди позиција за што поголемо раководење со постапката за вадење на бродот.
Проблем притоа е и документирањето на материјалот и обезбедување вешти лица за бродски нереќи, иако хрватската фирма „ Дубина “ има искуство но само во подводни работи но, не и судски вештачења.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром
Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“ изгубил контрола и удрил во контејнери и во паркирано возило алфа Ромео. Осомничениот, 22-годишниот М.А.А. од Турција со привремен престој во Скопје, избегал од местото, јави Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, настанот се случил вчера во 22:50 часот. Полицијата го лоцирала возачот по кратка потера и го привела. При алкотест му биле измерени 0,97 промили алкохол во крвта, а по распитот бил изнесен пред судија за прекршоци.
Осомничениот се товари за 3 прекршоци, недозволена брзина, напуштање на лице место и возење под дејство на алкохол.
Црна хроника
Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село
Излизган камион на магистралниот пат Струмица-Ново Село-граничен премин со Бугарија, пред влезот во селото, предизвика прекин на сообраќајот од скоро еден час, од 14:10 до 15:00 часот.
Според информации од СВР Струмица, во сообраќајката нема повредени и загинати, а причинета е само материјална штета.
И од АМСМ информираа дека сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село кој беше во прекин поради случена сообраќајна незгода е нормализиран.
– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Црна хроника
Со БМВ удрил во контејнери и автомобил, па побегнал
Вчера во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица од ул.„Матеја Матевски“ во Скопје патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А.(22) од Р.Турција, а со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и патничко возило алфа ромео со демиркаписки регистарски ознаки. М.А.А. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој набрзо бил фатен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

