Црна хроника
Гостиварец ограбен за 29.000 евра, а скопски таксист за 3.000 денари
Тешка кражба во Гостивар, вооружен грабеж на таксист во Скопје, и кражба на пиштол од семејна куќа, исто така, во скопска населба, меѓу другото се наведени во билтенот на Министерството за внатрешни работи за изминатото деноноќие.
Во саботата во Гостивар, во населбата „Осма зона“ непознат сторител извршил тешка кражба во куќа сопственост на 32-годишниот А.З., при што од метален сеф одзел сума пари од околу 13.500 евра во разни апоени, како и златен накит во вредност од околу 15.400 евра.
Имено сторителот искористил прилика низ незаклучената врата влегол во куќата, пребарувал ги пронашол наведените работи и откако ги одзел избегал во непознат правец стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 29.000 евра. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Тетово, чии службеници преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Во неделата рано утрото околу 5 часот во Скопје, 39-годишниот К.Ѓ. пријави дека непознато лице побарало такси услуга од Трговскиот центар „Капитол“ во населбата Аеродром до населбата Чаир, и кога стигнале на „159“ муштеријата со закана со пиштол му одзел околу 3000 денари по што го напуштил местото на настанот.
Во саботата, исто така, во Скопје, на улицата „Ѓорѓи Поп Христов“ непознат сторител извршил тешка кражба во стан сопственост на 54-годишниот Р.Џ., при што одзел еден пиштол марка „Чешка Зброевка“ калибар 9 м.м. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

