Свет
Коело именуван за нов премиер на португалската влада

Португалскиот премиер Анибал Кавако Силва денеска го именуваше лидерот на социјалдемократите Педро Пасос Коело за нов премиер, а следната недела треба да биде составена и новата влада што ќе почне со спроведување на планот за спасување на португалската економија.
Португалскиот премиер Анибал Кавако Силва денеска го именуваше лидерот на социјалдемократите Педро Пасос Коело за нов премиер, а следната недела треба да биде составена и новата влада што ќе почне со спроведување на планот за спасување на португалската економија. Пасос Коело ќе состави мнозинска коалициона влада со десничарската ЦДС-ПП, со што би требало да заврши политичката нестабилност предизвикана со оставката на социјалистичкиот премиер Жозе Сократес во март. Социјалдемократите освоија 105 мандати во парламентот со 230 места, а нивниот традиционален сојузник ЦДС-ПП 24 мандати. Новата влада ќе мора веднаш да започнат со спроведување на условите за добивање на 78 милијарди долари вредниот пакет помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд. Тие вклучуваат даночна реформа, смалување на буџетското трошење и долго одложување на структурните реформи. /крај/рој/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Откако пред неколку месеци купи „Тесла“, Трамп денес рече дека не сака електричен автомобил

Претседателот на САД, Доналд Трамп денес изјави дека не секој сака електричен автомобил, па ни тој не сака. Ова се случува во период кога веќе извесно време се води борба на социјалните мрежи меѓу него и неговиот до неодамна близок соработник, основачот на „Тесла“ и милијардер Илон Маск.
„Не секој сака електричен автомобил. Јас не сакам. Можеби сакам бензински автомобил, можеби хибрид, можеби еден ден водороден. Но, има еден проблем со водородниот автомобил, тој експлодира. Па би можел да му го дадам на Питер, нека го земе“, се пошегува Трамп.
Пред помалку од четири месеци, претседателот Доналд Трамп купи „Тесла“. Потоа Трамп објави видео од себе како влегува во црвениот автомобил пред Белата куќа.
Зборувајќи покрај Илон Маск, кој му го предаде автомобилот, тој рече дека купува „Тесла“ затоа што е одличен производ и затоа што Маск „ја посветил својата животна енергија на ова“.
„Мислам дека мала група луѓе се однесуваат многу лошо кон него, сакам да знаат дека не можете да казните некого затоа што е патриот, а тој е патриот“, рече Трамп, додавајќи дека не знае за ниедна таква успешна компанија за нови автомобили во последните 30 години.
Свет
Човечката нога најдена на плажа во Шкотска му припаѓа на тело пронајдено во Ирска

Ногата пронајдена на плажа во Јужен Ершир, Шкотска, му припаѓа на тело пронајдено на брегот на Северна Ирска во мај.
Полицијата во Шкотска почна истрага откако човечки екстремитет беше откриен на плажа во Прествик на 10 јуни. Тие сега објавија дека останките се „идентификувани како на исчезнато лице надвор од Шкотска“, објавува „Скај њуз“.
Полицијата во Северна Ирска, исто така, потврди дека го идентификувала телото на маж пронајдено во Милисл, округ Даун. Сепак, истражителите не веруваат дека починатиот маж бил од северна Ирска и дека неговата смрт не се третира како сомнителна.
„Полициската служба на Северна Ирска може да потврди дека телото пронајдено во областа Донагади Роуд во Милисл во среда, 21 мај, е идентификувано“, се вели во соопштението.
„Утврдено е дека станува збор за маж, а полицијата е во контакт со семејството на починатиот“, се додава во соопштението.
Свет
Руското министерство: Азербејџан се однесува непријателски

Руското Министерство за надворешни работи објави дека доставило протестна нота до амбасадорот на Азербејџан во Москва по апсењето на руски новинари во Баку, што го нарече непријателска акција од страна на Баку.
Во соопштение за медиумите, Министерството го обвинува Баку за преземање намерни чекори за влошување на билатералните односи. Москва реагира откако еден ден претходно азербејџанската полиција ги претресе просториите на руската телевизиска станица Спутник. Баку тврди дека се уапсени двајца вработени во руската разузнавачка служба ФСБ, додека Москва е убедена дека станува збор за новинари.
Односите меѓу Москва и Баку се затегнати веќе некое време. Влошувањето е делумно последица на соборувањето на азербејџанскиот патнички авион над чеченскиот главен град Грозни кон крајот на 2024 година, во кое загинаа 38 лица. Рускиот претседател Владимир Путин мораше да му се извини на својот азербејџански колега Илхам Алиев.
Повод за најновите тензии беше бранот апсења на етнички Азербејџанци во рускиот град Екатеринбург за време на викендот, кога беа уапсени околу 50 лица.
Фото: ЕПА