Економија
Берзата скромно ја почна годината
Првиот трговски ден од 2010 година на македонската берза заврши со вкупен промет од 11.322.731,85 денари (околу 180 илјади евра)
Првиот трговски ден од 2010 година на македонската берза заврши со вкупен промет од 11.322.731,85 денари (околу 180 илјади евра).
Индексот МБИ10 ја започна годината со намалување од 1,29% при вредност од 2.716,38 индексни поени. За разлика од него, МБИД забележа пораст од 0,23%, а вредноста затвори на ниво од 3.042,88 индексни поени. ОМБ воопшто не се промени и остана на вредноста од 110,06 индексни поени.
Убедливо најликвидна хартија од вредност на официјалниот, односно на целиот пазар беше државната обврзница за денационализација од осмата емисија со промет од 5.451.153,94 денари што претставува 48% од вкупно остварениот промет. Просечната цена изнесуваше 85,00% од номиналната и беше без промена на дневно ниво. Истргувани беа 104.848 обврзници кои се реализираа преку 2 трансакции.
Следеше Македонијатурист Скопје со промет од 4.919.600,00 денари што претставуваше околу 44% од вкупниот промет. Просечната цена од 2.800,00 денари значеше остар пад од 6,67%. Истргувани беа вкупно 1.757 акции кои се реализираа преку 2 трансакции.
Иако со далеку послаб промет кој изнесуваше само 204.700,00 денари, на трето место според ликвидност се пласираше Комерцијална Банка Скопје. Просечната цена од 2.729,33 денари значеше намалување од 2,52% на дневна основа. Истргувани беа 75 акции од оваа банка, кои се реализираа преку 4 трансакции.
На редовниот пазар најмногу се тргуваше со ФЗЦ 11 Октомври Куманово при скромен промет од 134.288,00 денари. Сепак, при просечна цена од 1.199,00 денари забележан беше раст од 2,98%. Истргувани беа вкупно 112 акции кои се реализираа преку 5 трансакции.
Втора според ликвидност од редовниот пазар беше Македонски Телеком Скопје со промет од 95.860,00 денари. Просечната цена изнесуваше 416,78 денари при намалување од 0,71%. Распонот на цените се движеше од 416,00 денари до 429,00 денари. Истргувани беа вкупно 230 акции кои се реализираа преку 5 трансакции.Пет најтргувани хартии од вредност1. Р.Македонија – Денационализација 08 2. Македонијатурист Скопје 3. Комерцијална Банка Скопје4. Р.Македонија – Денационализација 055. Макпетрол СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Попова Кула Демир Капија 3,57%2. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 2,98%3. Бетон Скопје 2,35% 4. Стопанска Банка Битола 1,39%5. Р.Македонија – Денационализација 05 0,01%Хартии од вредност со најголем пад1. Македонијатурист Скопје 6,67%2. Алкалоид Скопје 2,96%3. Комерцијална Банка Скопје 2,52%4. Макпетрол Скопје 1,35%5. Македонски Телеком Скопје 0,71%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Microbalkans 2025: Никола Јошевски за усогласувањето на правните рамки со директивите на ЕУ
Никола Јошевски, генерален менаџер и сопственик на Mint Fintech Group и претседател на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија, учествуваше на престижната регионална конференција Microbalkans 2025, што се одржа во Дубровник, Хрватска, од 5 до 7 ноември 2025 година.
Како панелист на високопрофилната дискусија „Усогласување на правните рамки со директивите на ЕУ“, Јошевски се приклучи на водечки европски партнери и институции кои активно придонесуваат за развојот на социјалните финансии во регионот на Западен Балкан.

Панелот се фокусираше на регулаторната хармонизација, финансиската инклузија, платните системи и усогласувањето со процесот на пристапување кон ЕУ, со посебен акцент на улогата на микрофинансиските институции и финтек решенијата во одржливиот развој и регионалната соработка.
Во своето обраќање, Јошевски ја нагласи потребата од создавање на стабилен и интегриран финансиски систем што ги надминува класичните регулаторни рамки, посочувајќи:
„Главниот предизвик не е само во пренесувањето на директивите на ЕУ во националното законодавство, туку во создавањето на целосен екосистем – таков што нè прави конкурентни, инклузивни и силни дома.“
Панелот поттикна значајна дискусија за иднината на финансиската регулатива во регионот и улогата на микрофинансиските институции во зајакнување на финансиската стабилност, транспарентност и дигитална трансформација.

Конференцијата Microbalkans 2025, поддржана во рамките на соработката со Европската унија, го обедини врвот на експертизата од Европа и Западен Балкан, создавајќи дијалог за унапредување на социјалните финансии, микрокредитирањето и финтек иновациите.
Присуството на Mint Fintech Group на овој настан уште еднаш ја потврди посветеноста на компанијата кон модернизација на финансискиот сектор во Македонија, создавање инклузивна економија и промовирање европски вредности во финансиските услуги.
Со своето учество, Јошевски ја зацврсти позицијата на Македонија како активен партнер во градењето на современ, конкурентен и одржлив финансиски екосистем, кој ја поврзува регионалната соработка со европските стандарди и отвора нови можности за раст и развој.
(ПР)
Економија
СДСМ: Инфлацијата зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта
Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%, велат од СДСМ.
„Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат. Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната и основните производи растат, сметките се повисоки, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите. Платите и пензиите заостануваат далеку зад растот на цените, граѓаните секојдневно плаќаат повисоки цени за леб, млеко, масло, лекови, за сметки а платите не мрдааат. За само година и половина ДПМНЕ донесе економска стагнација, раст на инфлацијата и пад на животниот стандард“, се наведува во соопштението.
Економија
Електродистрибуција го имплементира најновиот систем SIEMENS SCADA за дигитално управување со мрежа – Скопје
Во финална фаза на имплементација е најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со среднонапонска и високонапонска мрежа, со што значително ќе се унапреди дигиталната трансформација и системите за далечинско управување и мониторинг, соопштија од компанијата.
Со помош на најновиот SCADA систем, како што е појаснето, ќе се оствари меѓусебно поврзување на диспечерските центри на ЕВН и МЕПСО со цел поквалитетно водење на целата електроенергетска мрежа во државата.
„Со инвестиција од еден милион евра, најсовремениот SCADA систем овозможува повисоко ниво на автоматизација, сигурност и оперативна контрола, што претставува клучен предуслов за ефикасна енергетска транзиција и поголема диверзификација на изворите на електрична енергија во земјата. Системот има особено значење во периоди кога сѐ поголем број фотонапонски централи се приклучуваат на дистрибутивната мрежа. Досега се регистрирани 2.963 нови приклучоци од обновливи извори, со вкупна инсталирана моќност од 860 MW, што во одредени ситуации може да претставува предизвик за стабилноста на енергетскиот систем. Со ваквите инвестиции во дигитализација на клучните процеси, Електродистрибуција обезбедува поквалитетни, доверливи и поефикасни услуги за своите корисници и ја зацврстува сигурноста и ефикасноста на мрежата, потврдувајќи ја својата заложба за модерна, транспарентна и дигитална енергетска инфраструктура“.

