Спорт
Официјално: Манчестер Јунајтед ја прифати рекордната понуда за Роналдо

Со соопштение на својата официјана веб страна екипата на Манчестер Јунајтед потврди дека прифатила рекордна понуда за услугите на Кристијано Роналдо
Иднината на Роналдо е мета на константи шпекулации скоро една година, а Реал Мадрид имаше големи напори за обезбедување на услугите на Португалецот минатото лето.Претседателот Флорентино Перез не ја криеше желбата дека посакува да го види Кристијано Роналдо на Сантијаго Бернабе.Гигантот од Шпанија сега постигна согласност со Манчестер Јунајтед за трансфер на Роналдо вреден 80 милиони фунти и доби дозвола да преговара со Најдобриот Фудбалер на Годината.Роналдо сега ќе замина за главниот град на Шпанија за да одржи преговори со Реал и да ги помине медицинските прегледи.Реал веќе ги доби услугите на Бразилската суперѕвезда, Кака во мега трансфер од околу 67 милиони евра, но трансферот на Роналдо ќе биде многу поголем.“Манчестер Јунајтед доби светски рекордна, безусловна понуда од 80 милиони фунти за Кристијано Роналдо од Реал Мадрид.“ гласеше соопштението на официјалната веб страна на Јунајтед.“На барање на Роналдо – кој повторно ја изрази желбата да замине – и по разговори со неговиот агент, Јунајтед се сложи да ја прифати рекордната понуда на Реал Мадрид и му досволи на клубот од Шпанија да преговора со играчот.”“Сите зделки се очекуваат да бидат комплетирани до 30 јуни. Клубот повеќе нема да коментира за оваа работа.”
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Италија остана без планираното НБА-засилување

Донте ДиВинченцо нема да игра за Италија на претстојниот Евробаскет и покрај тоа што преговорите траеја неколку месеци и што во меѓу време доби пасош на оваа земја.
Бекот на Минесота беше вклучен во прелиминарниот состав на „Азурите“, што ја израдува целата нација со богатата кошаркарска историја. Кошаркарот од Делавер требаше да биде капитално засилување за Италија.
Иако во претходните месеци ја нагласуваше својата голема желба да ја претставува татковината на своите родители на Европското првенство, се случи ненадеен пресврт.
Поранешниот играч на Милвоки, Сакраменто, Голден Стејт и Њујорк Никс нема да носи дресот на Италија ова лето.
Наместо него, на списокот ќе биде натурализиран Американец, Дариус Томпсон, кој го напушти Анадолу Ефес и од наредната сезона ќе игра во Валенсија.
Фото/ Принскрин
Спорт
Сезоната во ПМФЛ ќе ја отвори дербито Вардар-Пелистер

На денешното извлекување во Хотел Хилтон во Скопје беа утврдени паровите за есенскиот дел од сезоната 2025/26 во Првата Македонска Фудбалска Лига. Сезоната 2025/2026 ќе започне на 8 август.
Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе почне со големото дерби. помеѓу Вардар и Пелистер.
Шампионот Шкендија, одбраната на титулата ја започнува на домашен терен против Шкупи. Силекс ќе биде домаќин на Брера, новите прволигаши Башкими и Арсими ќе се соочат во Куманово, Работнички ќе му гостува наТиквеш, а Струга ќе ја пречека Македонија ЃП.
На следниот линк можете да го погленете распоредот:
Спорт
Рамсдејл во Њукалс

Арон Рамсдејл ќе го брани голот на Њукасл следната сезона, бидејќи „страчките“, со Саутемптон договорија позајмица со право на откуп.
Иако потпиша четиригодишен договор со „Светците“ на 30 август минатата година, само 11 месеци подоцна повремениот репрезентативец на Англија ќе го напушти бродот што потоа во Чемпионшип.
Интересно, Рамсдејл трет пат испадна од Премиер лигата, но ниту еднаш не остана во клубот да брани во понизок ранг, прво Борнмут во 2020 година, а потоа Шефилд Јунајтед една година подоцна. Сега ќе бара среќа во Њукасл, кој ја заврши претходната сезона на петтото место, па ќе игра во Лигата на шампионите. Рамсдејл ќе се бори за место меѓу стативите со 33-годишниот Ник Поуп.
Црно-белите, според извештаите од Островот, платиле „значителна сума“ за да го земат момчето од Стоук на позајмица за една година, а договорот вклучува право за откуп на неговиот договор.
Фото/ Принтскрин