Македонија
Координативното тело презема активности за заштита на Охридското крајбрежје
Координативното тело за превенција од природни непогоди, денеска одржа координативен состанок во просториите на општина Охрид на кој е најавено превземање на повеќе мерки.
Координативното тело за превенција од природни непогоди, денеска одржа координативен состанок во просториите на општина Охрид на кој е најавено превземање на повеќе мерки.
Притоа било констатирано дека ќе се продолжи со заштита на колекторскиот систем во населените места Пештани и Елешец, ќе се преземат активности за чистење на каналот на потегот од Мислешево до Црн Дрим, како и да се уредат коритата на реките Даљанска, Коселска и делот од реката Црн Дрим, наречен Мал Дрим.
Воедно е најавено дека ќе започнат активностите за поставување на насип со камења на местото наречено Езерски лозја, како и да се постави насип од вреќи со песок на брегот на реката Црн Дрим, со цел да се порамни нивото на крајбрежјето на реката Црн Дрим и да се направи анализа за можноста да се пушти поголема количина на вода во старото корито на реката Сатеска, се вели во соопштението по состанокот.
На состанокот кој го водеа министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, министерот за одбрана, Зоран Коњановски присуствуваа и градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко и претставници од сите релевантни институции кои се дел од Координативното тело. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

