Свет
Франција се подготвува за нов снежен бран
Француските власти ноќеска се подготвуваат за нови снежни врнежи, само неколку дена откако земјата почна да се опоравува од пореметувањата во воздушниот и патниот сообраќај од претходниот снег. Се очекува обилниот снег да почне да паѓа уште вечерва во Париз, а врнежите ќе продолжат и утре, соопшти француската метеоролошка служба. Во очекување на третата „снежна офанзива“ за последните две недели, француската влада се обидува да избегне повторување на целосниот хаос што владееше на патиштата на 8 и 9. декември, јавува агенцијата Франс прес. Новите врнежи се најавуваат во момент кога европскиот воздушен сообраќај се нормализира по масовното откажување на летови поради невремето на 16. и 17. декември. Обилниот снег на почетокот на неделата во регионот на Париз целосно го поремети воздушниот сообраќај, поради што илјадници патници останаа заглавени на аеродромите. Центарот за кризи ги предупреди граѓаните вечерва да не излегуваат на пат без поголема потреба, а на камионите од 18 часот им е забрането движењето. Полицијата во Париз им предложи на сите фирми во овој регион да им дозволат на вработените порано да си одат дома. /крај/афп/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

