Свет
Филон: Советот за безбедност не може да биде пасивен во врска со Сирија

Советот за безбедност при обединетите нации не може да остане неактивен во однос на ситуацијата во Сирија, изјави францускиот премиер Франсоа Филон за време на заедничката прес-конференција со неговиот руски колега Владимир Путин.
Советот за безбедност при обединетите нации не може да остане неактивен во однос на ситуацијата во Сирија, изјави францускиот премиер Франсоа Филон за време на заедничката прес-конференција со неговиот руски колега Владимир Путин.Според него, Франција е многу загрижена за ситуацијата во Сирија. „Ние ќе ја продолжиме во текот на работниот ручек дискусијата со Путин за ситуацијата во Сирија. Тaа нé pravi многу загрижени. Позицијата на Франција по ова прашање e сосема јасно. Ние сакаме да дејствувамe во рамките на меѓународното право, и сметаме дека Советот за безбедност не може и натаму да молчи и оти секој треба да ја преземе одговорноста по ова прашање, коешто не може да биде оставено без никакви дејствија“, изјави Филон. Според шефот на француската дипломатија, Русија и Франција по прашањето на внатресирискиот конфликт, може да имаат различни пристапи, но имаат заеднички цели. Бунтот во Сирија започна во средината на март. Според претставниците на тамошната опозиција и активистите за човекови права, во анти-владините протести во земјата загинале околу 1.300 луѓе. Сириските власти го негираат ова и тврдат дека станува збор за дејствување на „вооружени групи дојдени од странство“ кои во судирите со безбедносните сили убиле околу 300 полицајци и војници./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“, денес е главен осомничен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк.
По успешното завршување на средно образование во 2021 година, Робинсон добил четиригодишна стипендија и бил сметан за примерен студент. Но, по само еден семестар ја напуштил академијата и подоцна се запишал на „Дикси Техникал Колеџ“ како електричар-приправник.
Истрагата за убиството открила пушка со чаури на кои биле гравирани пораки – од антифашистички слогани и стихови од „Бела чао“ до интернет мемиња. Семејството признало дека во последно време станал политички поактивен и отворено критичен кон Кирк.
Пријателите и соседите сепак го опишуваат како тивок, повлечен и голем љубител на видео игри, без претходни проблеми со законот. Робинсон бил уапсен откако неговиот татко го препознал на фотографиите објавени од полицијата и го убедил да се предаде.
Свет
Орбан до Западот: Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја веќе три и пол години ја плаќа цената на војната во Украина, и покрај тоа што, како што рече, „тоа не е нашa војна“.
Тој нагласи дека западните лидери се обидуваат уште подлабоко да ја вклучат Унгарија во конфликтот, но дека Будимпешта ќе продолжи да се спротивставува.
„Ќе го браниме нашиот народ, нашата слобода и ќе тежнееме кон мир,“ порача Орбан преку платформата Икс.
Тој додаде дека Европската унија е создадена да им служи на суверените нации, а не да владее со нив. „Брисел не ја контролира Унгарија. Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ. Време е работите да се исправат,“ изјави Орбан.
Свет
Се откачи жичница во Русија, повеќе од 30 евакуирани, има загинати

На планината Елбрус, во руската република Кабардино-Балкарија, се случи несреќа со жичница при што загинаа три лица, а повеќе од 30 беа евакуирани, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, загинале жител на Кабардино-Балкарија, жена од Дагестан и маж од Москва. Несреќата настанала кога сајлата излетала од валјак на еден од носачите.
Во моментот на инцидентот, на жичарата имало 37 луѓе, од кои 35 биле успешно евакуирани.