Свет
Излезни анкети во Јапонија: Убедлива победа на либералите
Либералната демократска партија на Јапонија (LDP) убедливо победила на предвремените општи избори во неделата и се враќа на власт по три години во опозиција, покажаа излезните анкети по затворањето на избирачките места.
Партијата LDP којашто во Јапонија всушност ја претставува конзервативната струја, освоила 296 од 480 пратенички мандати, Нејзиниот постојан партнер партијата Нов Комeито освоила 32 пратенички места, покажуваат проекцијата на телевизијата Asahi, што значи дека јапонскиот конзервативен блок има двотретинско мнозинство во новиот состав на јапонскиот парламент.
Досега владејачката Јапонска демократска партија (PDJ) на премиерот во заминување Јошико Нода, освоила само 65 мандати, според истиот извор, Јапонската партија за обнова, нова десна партија во земјата, освоила 46 мандати.
Челникот на либералите Шизо Абе, по пет години така се враќа на премиерската функција. На функцијата тој дојде по оставката на Јуничиро Коизуми и со него започна серијата шест јапонски премиери во шест годни кои се изменуваа поради нестабилноста на владите. Педесет иосумгодшниот Абе, кога првпат стана премиер беше најмладиот Јапонец кој стапил на таа функција.
Партијата PDJ по историската победа од 2009 година кога стави крај на полувековното владеење на либералите со Јапонија, ги разочара гласачите кои на партијата ѝ забележуваа за лошо справување со економските и општествени проблеми и неисполнување на ветувањата, како што се бесплатното образование за сите средношколци, семејните надоместоци, намалувањето на даноците за малите и средните претпријатија, укинување на патарините итн.
Довербата PDJ ја загуби и поради лошото справување со последиците од катастрофалниот земјотрес и гигантското цунами од март 2011 година што ја предизвика нуклеарната криза со оштетената централа Фукушима. Според мислењето на Јапонците, владата пропуштила тогаш да дејствува брзо и компетентно. Цената за своите пропусти PDJ веќе ја плати во летото 2010 година, кога го загуби мнозинството во Сенатот. Премиерот Јошихико Нода кон средината ноември поради тоа го распушти парламентот по што беа распишани изборите десет месеци пред редовниот термин.
Либералите по изборниот пораз во 2009 година под лидерството на Абе успеаја да се консолидираат и анкетите пред изборите ја најавуваат нивната победа.
Новата влада ќе мора покрај економските и општествените проблеми, ќе мора да се соочи и со товарот на односите со соседна Кина која како економски гигант ја истисна Јапонија од втората позиција на најсилните светски економии, со којашто има и територијален според околу малиот архипелаг Сенкаку во Јужнокинеското Море, како и со непредвидливата Северна Кореја којашто со ракетните и нуклеарни тестирања претстави безбедноста закана. Според аналитичарите, победата на Абе кој за време на неговиот премиерски мандат го нарекуваа „јастреб“ во надворешната политика, ќе има сигурно реакции во односите со Кина./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Експлозии пријавени низ Иран
Неколку експлозии се пријавени нво Иран денеска, во услови на зголемени стравувања од војна во регионот, јави ДПА.
Во пристанишниот град Бандар Абас, на Персискиот Залив, едно лице загина, а 14 се повредени во експлозија, соопшти новинската агенција Тасним, која е блиска до Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).
Очевидци пријавиле и најмалку една експлозија во близина на главниот град Техеран. Иранските медиуми, повикувајќи се на официјален извор, наведоа дека се запалила трска во корито на река.
Во југозападниот дел на Иран, онлајн-порталот Нур њуз, повикувајќи се на шефот на противпожарната служба во градот Ахваз, објави дека експлозија на гас усмртила четири лица.
Тасним ги демантираше гласините дека експлозијата во Бандар Абас била обид за напад врз командантот на морнарицата на ИРГЦ, Алиреза Тангсири.
Државната новинска агенција ИРНА објави фотографија од делумно уништениот преден дел на повеќекатна станбена зграда. Државната телевизија соопшти дека експлозијата била предизвикана од истекување гас.
Наскоро треба да започне тридневна поморска воена вежба на ИРГЦ во Персискиот Залив, во која се очекува да учествуваат и Кина и Русија.
Маневрите се најавени во период кога американскиот претседател Доналд Трамп распореди флота, вклучително и носачи на авиони, во регионот.
Трамп во повеќе наврати ѝ се закануваше на власта во Техеран со интервенција, поради, како што наведе, бруталното задушување на протестите од страна на иранскиот безбедносен апарат.
Свет
Во Белград се урна напуштен двокатен објект
Дел од напуштен двокатен објект се урна попладнево во Белград и според службите за справување во итни случаи, нема повредени.
Шефот на Одделот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ, изјави дека стар напуштен двокатен објект се урнал на улицата „Џорџ Вашингтон“ во Белград околу 13:30 часот и дека е урнато градежно скеле што било наслонето на објектот.
Тој додаде дека според моментално достапните информации, нема повредени, ниту жртви.
При уривањето уништени се четири возила паркирани пред двоспратниот објект.
Во моментот се уште се врши пребарување на теренот каде се урнал објектот.
Опозициски партии упатија критики до градските власти и побараа оставка од градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.
Свет
Прекинот на струја во Киев го запре железничкиот сообраќај
Прекинот на електричната енергија во Киев го запре железничкиот и метро сообраќајот и ескалаторите низ целиот град, соопштија градските власти на социјалните мрежи.
Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, подземните метро станици сега функционираат како засолништа.
– „Во Киев, како и во многу градови во Украина, имаше итни прекини на електричната енергија. Сообраќајот во метрото беше запрен поради низок напон во електричната мрежа. Подземните метро станици моментално можат да работат само како засолништа, на резервна електрична енергија, соопшти Кличко на Телеграм.
Технички прекини на два далноводи што ги поврзуваат Украина, Молдавија и Романија денеска доведоа до прекин на електричната енергија на украинската мрежа, соопшти украинското Министерство за енергетика и потврди дека во најмалку три региони и главниот град Киев имало итни исклучувања.

