Свет
Основачот на ИКЕА бил нацист?

Ингвар Кoмпрад, основачот на шведскиот гигант за мебел ИКЕА, бил идентификуван како нацист од страна на шведската Служба за безбедност во 1943 година, јави шведската телевизија SVT, цитирајќи книга на еден нејзин новинар
Ингвар Кoмпрад, основачот на шведскиот гигант за мебел ИКЕА, бил идентификуван како нацист од страна на шведската Служба за безбедност во 1943 година, јави шведската телевизија SVT, цитирајќи книга на еден нејзин новинарАвторот на „А во Винервалд дрвјата си останаа“, Елизебет Асбринк, пишува за животот на Ото Улман, кој во Шведска дошол од Виена со група еврејски деца и бил сместен во семејството Кoмпрад. Тој станал пријател со Ингврид Кoмпрад и му помогнал во основањето и развојот на ИКЕА. Кoмпрад е еден од најуспешните претприемачи на светот, а ИКЕА е една од најпознатите шведски компании.Компрад, чии симпатии кон нацистите бе4а обелоденети уште во текот на 1990-те години, претходно го отфрли овој период од неговиот живот како минлива „тинејџерска збунетост“. Асбринк открила претходно непознати материјали за Компрад, како тоа дека имал досие во шведската Служба за безбедност кога имал 17 години и трошел многу време и енергија во регрутирање на нови членови на нацистичката партија. Компрад исто така бил член на шведското ултрадесничарско друштво „Ново шведско движење“, основано во 1930-те години. Ова движење од многумина беше оценето како пандан на германските и на италијанските фашисти.Во книгата е опишано и тоа дека контактите на Компрад со лидерот на ова движење, Пер Енгдал, продолжиле уште долго по крајот на Втората светска војна. Шведската телевизија истакнува дека Компрад се оградил од идејата за целосно уништување на Евреите и го осудил холокаустот, но останал критичен кон демократските принципи и и останал верен на идејата за силно раководство. Според телевизијата, тој им помогнал на норвешки и шведски нацисти да го избегнат судењето. Основачот на ИКЕА честопати го опишувал својот нацистички пријател Енгдал како „голем човек“ и истакнувал дека тоа мислење ќе го задржи до крајот на животот. Кoмпрад е роден во 1926 година. ИКЕА ја основал во 1943 година. Тој засега нема дадено коментар за книгата на Асбринк. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Париз, Лондон и Берлин повикаа да престане хуманитарната катастрофа во Газа

Хуманитарната катастрофа во Појасот Газа мора веднаш да престане, повикаа вчера во заедничко соопштение Париз, Лондон и Берлин.
„Хуманитарната катастрофа на која сме сведоци во Газа мора веднаш да престане“, нагласија трите европски земји.
Тие на овој начин одговорија на алармот објавен од ОН и невладините организации дека постои ризик од непосреден и широко распространет глад во Газа. Трите европски престолнини ја повикуваат европската влада веднаш да ги укине ограничувањата за испорака на помош.
Франција, Велика Британија и Германија, исто така, потсетуваат дека Израел мора да ги почитува своите обврски според меѓународното хуманитарно право.
„Дојде моментот да се стави крај на војната во Газа“, додадоа тие и ги повикаа сите страни да го прекинат конфликтот со склучување на договор за моментално прекин на огнот.
Регион
Топлотниот бран ги затвори Акропол и археолошките локалитети во Атина

Поради топлотниот бран и високите температури што од почетокот на седмицава ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол и во текот на викендов ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот.
Новиот топлотен бран што ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела.
Вчера беше најтоплиот ден, просечната максимална температура достигна 37,6 степени Целзиусов, на Пелопонез измерени речиси 46 степени, а во многу делови од земјата надмина 42 степени.
Свет
Русија до Западот: Тврдоглаво игнорирате додека режимот во Киев се обидува да ја спаси кожата на Зеленски

„Тврдоглаво се обидувате да игнорирате како темелно корумпираниот режим во Киев се обидува да ја спаси кожата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, доведувајќи ја во прашање иднината на својата земја. За тоа детално ќе разговараме на посебниот состанок што го побаравме за 31 јули, каде што предлагаме фокусирање на акциите што ја поткопуваат потрагата по дипломатски пат за решавање на украинскиот конфликт – вклучително и обидите да се попречи директниот руски-украински преговарачки процес во Истанбул“, изјави заменикот на рускиот амбасадор во ОН, Дмитриј Пољански, на седницата на Советот за безбедност, обраќајќи им се на претставниците на западните земји, пренесува ТАСС.
Според него, Русија подолго време и доследно предлага решавање на украинската криза по дипломатски пат.
„Но вас тоа не ве задоволува – сè додека сте подготвени да продолжите да се борите против Русија преку рацете на Украинците. А фактот што ги има сè помалку – воопшто не ве вознемирува“, предупреди рускиот дипломат.
Русија и Украина во мај и јуни одржаа две рунди преговори, по што следуваше размена на заробеници и предавање на телата на загинатите украински војници. Двете страни исто така разменија нацрти меморандуми за решавање на конфликтот.