Свет
Исламистите објавија победа на изборите во Мароко
Умерената исламистичка Партија на напредокот и развојот (PJD) објави дека надмоќно победила на парламентарните избори во Мароко, јавија во саботата нејзините лидери.
Умерената исламистичка Партија на напредокот и развојот (PJD) објави дека надмоќно победила на парламентарните избори во Мароко, јавија во саботата нејзините лидери.„Нашата партија значително е во водство пред ривалите во целата земја. Победата можеме да ја наречеме конзистентна“, изјави Хасан Ламрани, портпаролот на изборната кампања на партијата. Како што претходно изјави мароканскиот министер за внатрешни работи, Таиб Шеркаи, според првите процени излезноста на избирачите изнесувала 45 отсто. „Извојувавме победа во сите поголеми градови во Мароко, според податоците со коишто располагаме“, изјави Лахчен Дауди, еден од лидерите на PЈD. Тој додаде дека партијата освоила 90 до 100 места во долниот дом од парламентот во кој има 395 места. Министерот Шеркаи не ги потврди овие бројки и потенцираше дека првите официјални резултати ќе бидат објавени во сабота попладне.PJD е партија којашто главно е поддржана од сиромашниот дел на мароканското население, а во текот на кампањата најави воведување на исламските принципи во финансиското работење, но се воздржа од поддршката на шеријатското право. Повеќе од 30 партии со 7.100 кандидати учествуваа на парламентарните избори за избор на 395 претставници во долниот дом на мароканскиот парламент./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ за кинески CCTV.
Вучиќ во интервјуто посочи дека Србија може и треба да научи, како што наведе, „илјада работи од своите кинески пријатели“.
– Правиме големи подготовки за ЕКСПО. Кога управувате со земја имате високи цели. Секогаш мора да ги ставате новите цели на прво место. Ако сакаме да го постигнеме тоа, најдобар можен партнер за тоа отсекогаш била, и секогаш ќе биде, Народна Република Кина. Тука е и претседателот Кси, бидејќи тој секогаш го држи зборот. Го гледам како обичен, скромен човек, кога ќе вети нешто, го исполнува. Не можам да ви кажам дали имаме големи работи во железничкиот сектор, целокупната инфраструктура или индустрискиот сектор, економијата, туризмот, културата, но секако има илјадници работи што можеме и мораме да ги научиме од нашите кинески пријатели – рече Вучиќ во интервјуто за кинеската телевизија.
Свет
Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда во Турција
Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, во северозападна Турција.
Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ, најверојатно е дека експлодирала плинска боца.
Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.
Регион
Данка денес ќе правеше две години: тажната судбина на девојчето за кое плачеше цел регион
Малата Данка Илиќ, денеска, 6 мај, ќе наполнеше две години.
Пред точно 40 дена исчезна Данка.
Тогаш за прв пат се активираше системот „Најди ме“ и започна потрагата. Покрај полицијата се вклучија и луѓе, па веќе првата вечер по девојчето трагаа повеќе од 100 луѓе. По неа трагаа жителите на Бањско поле, соседи, пријатели, противпожарна единица, како и припадници на Планинарската спасувачка служба и полицијата. Кучиња трагачи беа на пат, беспилотни летала летаа над теренот, вклучени беа хеликоптери, а теренот беше дури и прегледан со термални камери.
Мештаните тој ден рекоа дека околу куќата на Илиќ имало неколку дупки длабоки меѓу еден и два метри и дека се наполниле со подземна вода. Сите беа загрижени дека девојчето залутало и паднало со едно од нив.
Единиците на полицијата во раните утрински часови го пребараа теренот, а потрагата се уште беше отежната поради силниот дожд.
Неколку дена подоцна беше откриено дека Данка Илиќ е убиена. Осомничени за делото се Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот, работници на Бор „Водовод“ кои се уште не ја откриваат локацијата на која го пренеле телото на девојчето од дивината. Во притвор е и таткото на Драгијевиќ, Радослав (73), осомничен дека му помагал на синот да го премести телото на девојчето. Под истрага бил и најмладиот Драгијевиќ – Далибор (40). Но, тој почина на 7 април во притвор на полицијата на Бор.