Свет
Српски егзодус од Русија

По одлуката на премиерот Путин, да се намали бројката на работните дозволи кои им се издаваат на странците, во опаснот да бидат „протерани“ од Русија ќе се најдат околу 50 илјади срспки државјани кои таму работат
Како што пишуваат руските весници, падот на националната економија и големата невработеност во Русија, го принудиле премиерот Владимир Путин да ја донесе одлуката за намалување на бројката странци кои во 2010 г. ќе можат да работат во земјата.Во Србија веќе постојат страхувања дека доколу повеќето од нивните државјани ја изгубат руската лиценца за работа, а таму ги има колку еден помал балкански град, ќе се загрози и опстанокот на нивните семејства кои тие ги издржуваат во татковината. Московските медиуми известија дека Русија веќе ја напуштиле пет илјади српски работници, а проценките се дека што легално што непријавено меѓу 30 и 50 илјади Срби заработуваат во оваа држава. Повеќето од нив работат како квалификувани работници во градежништвото, како општи работници и како монтажери, а токму оваа стопанска гранка во Русија претрпе најголеми штети од светската економска криза. Српскиот министер за дијаспортата, Срѓан Среќковиќ, речиси е сигурен дека нема да дојде до масовно отпуштање на српските работници во Русија. Тој се надева, какао што вели во изјавата за весникот Alo, на коректната и повеќе од добрата соработка меѓу Белград и Москва, па затоа не очекува Србите да имаат проблеми со руските работни визи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Маск: „Мислам дека веќе направив доволно“

Додека американските медиуми го мерат секој милиметар за да докажат дека дошло до заладување во односот меѓу Доналд Трамп и Илон Маск, контроверзниот милијардер самиот ги поттикнува ваквите приказни.
Зборувајќи вчера на Економскиот форум во Катар, извршниот директор на „Тесла“ рече дека во иднина ќе троши „значително помалку“ за политика, додавајќи:
„Мислам дека веќе направив доволно.“
Маск ги отфрли инсинуациите дека одлуката е одговор на критиките што ги добил за неговата водечка улога во преобликувањето на државните институции преку Канцеларијата за ефикасност на владата (DOGE).
„Ако во иднина видам причина за политичко трошење, ќе го направам тоа. Во моментов не гледам никаква“, додаде тој.
Маск, кој инвестираше повеќе од 290 милиони долари од свои пари на претседателските избори во 2024 година за да ги поддржи Трамп и републиканците, се етаблираше како значајна политичка фигура. Тој, исто така, се обиде да влијае на изборите, вклучително и на клучната трка за Врховниот суд во Висконсин минатиот месец. Неговата политичка машинерија, пишува „Политико“, инвестираше многу во овие избори, па тие речиси се претворија во референдум за популарноста на самиот Маск.
И тој референдум не помина добро – кандидатот поддржан од демократите победи убедливо, а „Политико“ тврди дека таков исход означил пресвртница во политичкиот ангажман на Маск.
Свет
Инфлацијата во Велика Британија порасна повеќе од очекуваното во април

Британските потрошувачки цени се зголемија повеќе од очекуваното во април, за 3,5 проценти, покажаа денес податоците од Канцеларијата за национална статистика (ONS).
Годишната стапка на инфлација изнесуваше 3,5 проценти во април, по 2,6 проценти во март, што е највисока вредност од јануари 2024 година и најголемо зголемување на стапката од 2022 година, кога инфлацијата вртоглаво растеше, соопшти ONS.
Банката на Англија (BoE) прогнозираше инфлација од 3,4 проценти на почетокот на мај. Веројатно е дека ќе се одржи патот на постепено намалување на каматните стапки, но, како што анализира Ројтерс, најновите податоци веројатно дополнително ќе ги намалат очекувањата на финансиските пазари дека каматните стапки ќе бидат намалени повеќе од еднаш до крајот на 2025 година.
Растот на цените на услугите скокна на 5,4 проценти во април, што е далеку над прогнозата за раст од 5 проценти од страна на Банката на Англија во април.
ОНС соопшти дека периодот на велигденските празници, веројатно придонел за големиот скок на цените на воздушниот сообраќај, кои се зголемија за 27,5 проценти во споредба со март, што е второто најголемо месечно зголемување досега.
Цените на гасот, електричната енергија и водата, исто така, се зголемија во април, заедно со повисоките даноци за работодавците, што веројатно ќе ги зголеми цените.
Главниот економист на централната банка, Хју Пил, вчера изјави дека темпото на намалување на каматните стапки е пребрзо со оглед на сè уште силниот притисок врз платите врз инфлацијата.
Свет
Захарова: Трамп можеби сака да влезе во историјата како миротворец во Украина

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека напорите на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за решавање на кризата во Украина може да укажуваат на неговата желба да влезе во историјата како миротворец.
Зборувајќи на радио станицата „Спутник“, Захарова оцени дека американскиот претседател јасно рекол дека „ситуацијата што претходната американска администрација ја предизвика, ја ослободи и всушност ја создаде“ мора да се реши, јави ТАСС.
„Не можам да претпоставам дали Трамп ја чувствува одговорноста на Америка за таа ситуација или дали во неговата порака постои желба да ја направи Америка навистина голема. Но, тој рече дека сака да ја реши кризата“, рече Захарова.
Таа додаде дека Трамп можеби сака да биде запаметен во историјата како миротворец, да се „моли за гревовите на претходните администрации“ или да придонесе за нејзината реконструкција во рамките на неговата визија за Америка како голема сила.
Захарова, исто така, оцени дека вмешаноста на Трамп во конфликтот во Украина произлегува од интересите на неговата земја, политичката кариера и изборната кампања.