Црна хроника
Расправија завршила со крвава тепачка во Гостивар
Во расправија и тепачка меѓу тројца гостиварци, еден завршил со расечено грло, а друг со расекотини на раката и скршеница.
Како што соопшти полицијата, во понеделникот околу 21 часот во Гостивар на ул.„Ленинградска“ започнала вербална расправија помеѓу Ф.Ф.(30) и Н.Б.(23) од една страна и Л.Ј.(21) од друга страна.
Л.Ј., според негово кажување, го одзел ножот од Ф.Ф. што го држел во рака и му нанел расекотина во пределот на вратот, а на Н.Б. му нанел расекотина во пределот на десната подлактица и фрактура на коска.
Повредените биле пренесени во Општата болница во Гостивар за укажување на лекарска помош каде им биле констатирани тешки телесни повреди и со возило на брза помош се препратени во Клиничкиот центар во Скопје.
Полицајци извршиле увид. Л.Ј. бил пронајден и приведен, извршен разговор и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.

