Македонија
Облачно со врнежи од дожд, а на планините со снег

Облачно со врнежи од дожд, а на планините со снег. Од пладне ќе дува засилен северен ветер, на места со брзина и над 70 км/h.
Тоа ќе услови температурите во текот на денот нагло да опаднат, а врнежите од дожд да преминуваат во снег, најпрво во северните делови од земјата. Снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места.
Дневните температури ќе се движат од 1 до 10 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината облачно со дожд и температура до 4 степени. /крај/ухрм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Општина Карпош: Не можеме да се изначудиме како владејачката ВМРО-ДПМНЕ укина вака важен член од Законот за градба

„Општина Карпош со неверување ја прифати иницијативата за укинување на „Член 62 а“ од Законот за градба и не можеме да се изначудиме како владејачката ВМРО-ДПМНЕ укина еден вака важен член од законот. Членот „62 а“ ја обврзуваше локалната самоуправа при издавање на градежна дозвола соседите да бидат информирани во рок од 48 часа, за градбата во нивното непосредно соседство и им даваше право да извршат увид во проектната документација и издадената градежна дозвола“, велат од Општината.
„Да потсетиме, овој член од законот го донесе министерот Миле Јанакиески во владата на Никола Груевски и го промени претходниот закон со кој задолжително се бараше согласност од соседите доколку градбата е поблиску од 3 метра до оградата. Ваквата одредба навистина претставуваше кочница при изградбата и до израз многу често доаѓаа лошите соседски односи кои на моменти дури се претвораа во изживување.
Измената предложена од министерот Јанакиески беше во склад со транспарентноста и овозможи соседите да бидат информирани, да извршат увид, но дали ќе се гради или не, зависеше од законските и подзаконските акти, а не од волјата на комшилукот. Транспарентноста беше запазена. Кочница при издавање на дозволите немаше и не ни е јасно што има потреба владејачката партија која се декларираше дека не ги штити интересите на инвеститорите, туку на граѓаните да направи ваква измена со која целосно ќе го укине дури и информирањето на најблиските соседи, што е според наше мислење недозволиво.
Длабоко сме убедени дека ова не е барање на локалната самоуправа, туку е барање исклучиво на инвеститорите, а министерството за транспорт и врски се крие зад наводното барање на општините.
Недозволиво е соседот да нема право дури и да изврши увид во документацијата. Оваа измена не е во согласност со европските директиви, ја намалува транспарентноста и затоа ја повикуваме претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, да не ги потпише овие измени на законот.
Општина Карпош и понатаму ќе ги информира соседите при издавање на градежните дозволи“, се додава во соопштението на општина Карпош.
Македонија
„Кога на моќниците ќе им застаруваат криминалите – сетете се дека ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за крај на таквата неказнивост“, велат од партијата Левица

„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја покажа својата намера кога зборува за „реформи во судството“ – наместо вистински промени, тие бараат свои судии и обвинители од партиските тефтерчиња“, велат од партијата Левица.
„Со последното гласање во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивните сателити ВРЕДИ и ЗНАМ, одбија да го поддржат Предлог-законот на Левица за измени на Кривичниот законик, кој предвидуваше:
– Дуплирање на роковите за застарување на кривичните дела и
– Незастарливост на кривични дела сторени од службени лица во извршување на функцијата
Со тоа, овие партии јасно порачаа дека не им е до правда, туку до прикривање на криминалот на нивните луѓе. Тие повторно ги предадоа интересите на граѓаните, избирајќи да ги штитат своите корумпирани редови.
Овој предлог на Левица имаше за цел да ги анулира срамните измени на Кривичниот законик од 2023 година, кога СДСМ и ДУИ на брза лента ги изгласаа, а ВМРО-ДПМНЕ им овозможи кворум, по што – многу поранешни и актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ беа амнестирани преку „застарување“.
ВМРО-ДПМНЕ е партија која глуми борец за правда, но кога ќе дојде момент за вистински реформк, тие одбиваат да ги поддржат. Зошто? Затоа што токму тие најмногу профитираат од сегашниот систем на организирана неказнивост.
Само лани до ноември, во Кривичниот суд застарел 71 предмет. Секој од таквите предмети е симбол за распаднатиот правен систем, за неказнетиот криминал и за договарања под маса. Јавна тајна е дека за „застарување“ постојат ценовници, влијанија, уцени и слично.
Граѓаните веќе не веруваат во никакви „нови почетоци“ од старите партии. Сите гледаат дека кај моќниците нема ни страв од впуштање во кривично дело, ни срам кога истото ќе се открие. Тие знаат дека системот е дизајниран да ги штити.
Левица ќе продолжи бескомпромисно да се бори за крај на неказнивоста. Овој предлог е само еден од низата за која Левица се залага, предлага и ќе продолжи во таа насока – против корупцијата, вистински реформи и промена на системот“, се наведува во соопштението на партијата Левица.
Македонија
Центар, Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, дел од ул. Мирослав Крлежа и дел од ул. Ленинова, реон кај кафе Правда, општина Центар;
– Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, дел од Булевар Партизански Одреди од библиотека кон ул.Лениново, општина Центар;
– Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, дел од објектите со парни броеви од ул. Иван Цанкар и ул. Вангел Дину, како и дел од објектите со непарни броеви од ул. Франце Прешерн, општина Карпош;
– Во периодот од 09:00 до 14:30 часот, дел од корисниците на ул. Осло и ул. Будимпештанска, општина Карпош;
– Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, ул. Киро Фетак-1, општина Кисела Вода.