Спорт
Прандели: На Еуро 2012 ќе пристигнеме добро подготвени
Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Чезаре Прандели, избра невообичаен начин за да го прослави палсманот на три италијански екипи, во осминафиналето во Лигата на шампиони.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Чезаре Прандели, избра невообичаен начин за да го прослави палсманот на три италијански екипи, во осминафиналето во Лигата на шампиони. Прандели, облечен како Дедо Мраз, во текот на вчерашниот ден, им делеше подароци на децата во Фиренца. Италија, минатите сезони во Лигата на шампиони беше во сенка на Англија и Шпанија, но во тековната сезона е единствената земја која во нокаут фазата влегува со три екипи (Милан, Интер и Наполи). Овој податок е доволен италијанскиот селектор да биде неизмерно среќен. „Со три екипи во вториот круг во шампионската лига, овј Божиќ за мене ќе биде уште посреќен. Играчите ќе собираат искуство, ќе имаат повеќе силни натпревари во нозете, така што на Европското првенство следната година ќе пристигнеме добро подготвени“, порача Прандели. Италија на Еуро 2012, во Полска и Украина ќе игра во Ц групата заедно со Шпанија, Хрватска и Република Ирска. крај/index.hr/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шекил О’Нил: И со вишок килограми Дончиќ е подобар од 99 отсто од бековите во НБА
Лука Дончиќ и понатаму е главна тема во НБА кулоарите. Сè уште јавнста е во шок по трејдот меѓу Далас Маверикс и Лос Анџелес Лејкерс, по кој Дончиќ замина во Лос Анџелес, а Ентони Дејвис во Далас.
Меѓу бројните шпекулации за причините, ЕСПН објави дека една од нив е тежината на Дончиќ, која наводно е тежок 122 килограми, 20 повеќе од времето кога тој влезе во НБА.
За многумина оваа приказна нема апсолутно никаква смисла бидејќи Дончиќ и претходно имаше вишок килограми, но и покрај тоа беше и еден од најдобрите кошаркари во светот.
За ова зборуваше и легендарниот Шекил О’Нил.
„Треба да знам кој е точно терминот. За што зборувате? Кога велите дека не е во форма, дали е дебел? Дебелиот Лука Дончиќ е подобар од 99,9 отсто од бековите во НБА“, рече О’Нил.
Спорт
(Видео) Проблем за Реал, без Хезоња против Фенербахче
Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња е суспендиран на еден натпревар во Евролигата поради недолично однесување кон судиите.
Хезоња, минатата недела, во Монако беше исклучен на шест и пол минути до крајот на натпреварот против Монако.
Хрватот доби втора техничка грешка, влезе во расправија со судијката Ана Пантер, а потоа збесна, вербално и речиси физички ги нападна судиите.
За ова беше казнет со суспензија од меч (против Фенербахче во 26. коло), и парична казна од 5.000 евра.
Хезоња постигна 15 поени и имаше осум скока пред да биде исклучен во поразот од Монако (77:73).
I com sempre , Hezonja . Té les neuronas justes perqué no li caigui la baba pic.twitter.com/q0a4cDqsLm
— eugeni (@eugenitriquell) January 31, 2025
Спорт
(Видео) Хорхе Мартин заврши во болница по падот на тестирањето во Сепанг
Ноќта меѓу вторникот и средата по средноевропско време се одржа тестирање на малезиската патека „Сепанг“ во пресрет на новата сезона во Мото ГП.
Хорхе Мартин, возачот на Априлија и актуелен шампион во „кралската класа“, падна во вториот свиок и силно удри со главата на патеката, откако се најде високо во воздухот бидејќи изгуби контрола над моторот.
Се известува дека Мартин се наоѓа во болницата Аурелиј во Нилаи (град кој се наоѓа на шест километри од патеката) и чувствува болка во левото стапало и десната рака. Мартин беше подложен на детални лекарски прегледи на главата.
Тоа всушност беше втор пад на овој тренинг за Мартин. Шпанецот падна падна од својот мотоцикл во претходната фаза на тестирањето, мина без последици и успеа веднаш да се врати на патеката.
Jorge Martin’s highside at turn 2 😳#MotoGP #SepangTest
— Crash MotoGP (@crash_motogp) February 5, 2025