Македонија
Постапка пред дисциплинска комисија за наставникот кој истепа ученик
Наставникот кој во петокот по училишен час истепал ученик од основното училиште „Санде Штерјоски“ во Кичево добил писмена опомена и за истиот е покрената постапка пред дисциплинска комисија на училиштето, соопштија од Министерството за образование.
„Министерството за образование и наука го повикува одговорното лице од училиштето како и Министерството за внатрешни работи да ги превземат сите расположливи мерки за целосно расветлување на случајот“ се вели во соопштението на МОН.
Од полицијата денеска соопштија дека ученик од ова училиште пријавил дека наставник го истепал по завршувањето на часовите.
Наставникот наводно се изнервирал бидејќи група ученици му правеле гримаси. Се нафрлил на четиринаесетгодишен ученик и почнал да го удира со шлаканици, тупаници и клоци. Детето кое имало видливи повреди, случајот го пријавил во полиција./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

