Контакт

Надворешна политика

Јолевски: Македонија активно придонесува кон одбранбената политика на ЕУ

Објавено пред

Интензивирање на соработката со Европската унија на полето на одбраната ќе претставува бенефит и комплементарен чекор на заложбата на Македонија за унапредување на интероперативноста како со НАТО така и со ЕУ, истакна министерот за одбрана, Зоран Јолевски во четвртокот на средбата со извршниот директор на Европската одбранбена агенција (ЕДА), Хорхе Домек.
 

dobivaj vesti na viber

Интензивирање на соработката со Европската унија на полето на одбраната ќе претставува бенефит и комплементарен чекор на заложбата на Македонија за унапредување на интероперативноста како со НАТО така и со ЕУ, истакна министерот за одбрана, Зоран Јолевски во четвртокот на средбата со извршниот директор на Европската одбранбена агенција (ЕДА), Хорхе Домек.

 

Дополнително, Јолевски потенцираше дека Македонија ги споделува заедничките вредности на ЕУ и дека како земја кандидат за членство активно придонесува во заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ.

Трансформацијата на Армијата на Република Македонија е во насока на професионална и ефективна армија секогаш подготвена да одговори на преедизвиците, компатибилна со армиите на земјите членки на ЕУ, додаде Јолевски.

Извршниот директор на ЕДА, Хорхе Домек, изрази задоволство за заложбата на Република Македонија да се приклучи на Агенцијата ни воедно даде слика за начинот на кој земји кои не се членки на ЕУ може да соработуваат со ЕДА.

Мисијата на Европската одбранбена агенција е да им помогне на земјите членки да ги подобрат своите капацитети преку зајакната соработка. Унапредување на интероперабилноста со државите членки на ЕУ, технолошка модернизација на вооружените сили, сајбер безбедноста, унапредување на капацитетите на базенот на декларираните сили за придонес во меѓународни операции во насока на заштита на глобалниот мир и безбедност итн., се само дел од можностите кои би и се овозможиле на Република Македонија со пристапување во ЕДА./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Студен бран ја зафати Македонија, денеска обилен снег и силен ветер

Времето денеска ќе биде облачно и студено насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе...

Македонија19 часа

Јавното обвинителство ниту еднаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на Сашо Мијалков

Поради интересот на јавноста во врска со условниот отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков и неговото право да ја напушти...

Македонија21 час

(Видео) Шукова: ДПМНЕ нека засука ракави и да не продава демагогии, туку да почне со реализација на мерки за намалување на загадувањето

Борбата против загадувањето мора да стане приоритет на власта која целосно го игнорира и не презема никакви мерки, кажа денеска...

Македонија21 час

(Видео) Петрушевски: СДС јавно да се извинат за Груби

Од криминалите за Лотарија, преку дуќанот на улица Македонија под цена, до луксузното возило кое демек не е негово, туку...

Економија22 часа

СДСМ: Владините мерки немаат ефект, цените не се намалија – граѓаните се ограбени

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажаа дека инфлацијата во декември лани во однос на истиот месец во 2023...

Македонија23 часа

Не поминаа интерпелациите за Меџити, Стоиљковиќ, Тошковски и Исени

Во Собранието на Република Македонија не поминаа интерпелациите за четворицата членови на Владата. Од Европскиот фронт, кој ги поднесе четирите...

Свет1 ден

(Фото) Трамп сака да ја преземе контролата врз Гренланд, Канада и Панамскиот канал

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ги сака Гренланд, Канада и Панамскиот канал. Ова е само дел од неговите планови,...

Македонија1 ден

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Меџити

Со три гласа „за“, 64 против и без воздржани, Собранието ја отфрли интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна...

Македонија1 ден

Даути не е разрешена, интерпелацијата нема правно обврзувачки последици, велат од Кабинетот на Гаши

Кабинетот на претседателот на Собранието преку соопштение нагласува дека гласањето за интерпелацијата нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема...

Македонија2 дена

Пренџов: ДУИ немаат јасна визија и став, предлагаат бесмислена интерпелација за Меџити која нема да ја поддржиме

На денешната собраниска седница за интерпелации зеде збор пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој во однос на интерпелацијата за Изет...

Македонија2 дена

Град Скопје: Курто Дудуш фатен како ги труе граѓаните, ќе одговара за 7 кривични дела

Денес на терен инспекторите на градот Скопје со асистенција на интервентна полиција, констатираа нови кривични дела на градоначалникот на Шуто...

Македонија2 дена

Изгласана интерпелацијата за Илире Даути

На првата собраниска седница од годината, владејачкото мнозинство ја поддржа интерпелацијата на Левица за Илире Даути. Интерпелацијата ја образложи Сашко...

Свет2 дена

Судот смета дека Трамп е виновен за плаќањата кон порно актерката Даниелс, но нема да биде казнет

Судот во Њујорк пресуди во случајот на премолчена исплата на поранешниот и идниот претседател Трамп на порно актерката Сторми Даниелс....

Македонија2 дена

Тошковски: Граѓаните ќе се опоменуваат, нема да се казнуваат за возачките дозволи и за личните карти со старото уставно име

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека полицијата ќе се фокусира на опоменување, а не казнување на граѓаните што...

Свет2 дена

Нови сателитски снимки на Пацифик Палисадес: „Изгледа како да паднала атомска бомба, се плашиме од бројот на загинати“

Бројот на загинати во разорните пожари што беснеат во Лос Анџелес денеска се искачи на десет, а пожарот уништи речиси...

Македонија2 дена

ДУИ реагира: Во очаен обид за политички опстанок СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата следејќи го патот на ВМРО-ДПМНЕ

„Во очаен обид за политички опстанок, СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата, следејќи го патот на ВМРО –...

Македонија2 дена

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -2 степени, 0 било на Попова Шапка и во Крива Паланка,...

Свет2 дена

Сателитските снимки го покажуваат обемот на ужасот во Лос Анџелес, изгоре сè до океанот

Пожарот речиси целосно уништи голем дел од Пацифик Палисадес во Лос Анџелес, покажуваат новите сателитски снимки од Maxar Technologies. Сликите...

Свет2 дена

Трамп: Путин сака да се сретнеме, се договара состанок

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека се договара средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин. „Тој сака да...

Топ2 дена

Истрага против две лица за изнуда и палење автомобил во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела – Изнуда од член...