Контакт

Региони

Во Ростуше се одржа манифестацијата ‘Питијада 2015

Објавено пред

На традиционалната годишна манифестација „Питијада 2015“, за избор на најдобрата Реканско–мавровска пита што се одржа во саботата во Ростуше ,од вкупно 55 подготвени пити за најдобра е избрана питата што ја подготви Билјана Трпевска од селото Врбен, додека второ и трето место добија Емина Симовска и Фикрета Бекири и двете од Ростуше.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на жирито, познатиот туристички работник Насер Хот изјави за Макфакс дека оваа манифестација сега е традиционална и оти неа ја посетуваат голем број гости и од другите градови на земјата. Тој додаде дека туристите учесници на манифестацијата ги посетија и познатите водопади Дуф во близина на Ростуше .

Градоначалникот на општина Маврово–Ростуше, Мукрем Мехмеди, истакна дека проектот „Топол културен бран“ опфаќа повеќе активности со цел и овој дел на општината развие туризам, особено во летниот период, бидејќи во зимскиот период Маврово е познато по развиениот туризам. Потсети и оти во рамките на активностите и оваа лето се одржа средбата со печалбарите и големиот турнир во Мал фудбал./крај/мф/мн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

„Прогласена е кризна состојба“ – СМС порака која стигна до граѓаните е тест за масовно известување во кризни состојби

Во текот на попладневните часови, дел од граѓаните добија СМС порака со следната содржина: „Ве известуваме дека има прогласена кризна...

Македонија4 часа

Спасовски: СДСМ ги повлекува сите амандмани, бараме средства за справување со пожарите и настраданите во Кочани

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ и коалицијата ќе ги повлечат сите...

Македонија4 часа

МНР го осуди говорот на министерот Георг Георгиев, бугарскиот амбасадор повикан на разговор

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата и институциите на...

Македонија5 часа

Ангелов со апел до граѓаните: Пријавете на 112 ако видите сомнително однесување поврзано со пожарите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска упати силен апел до граѓаните да пријават какво било сомнително...

Македонија6 часа

Не само што се сомневаме, туку имаме и докази дека пожарите се подметнати, рече Мицкоски

Не само што се сомневаме, туку имаме и докази, изјави премиерот, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ветуваше подобра преговарачка позиција, донесе единствено понижувања на државата

По преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ наследи стабилна и јасна позиција во евроинтегративниот процес со загарантиран македонски јазик во Европската Унија...

Македонија8 часа

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на прес-конференција во Владата информира дека статусот на Охридското Езеро...

Македонија8 часа

Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за двете лица што нападнаа новинарска екипа

Постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, скопското Обвинителство поведе итна постапка против две лица – маж и жена...

Македонија10 часа

Димитриевски: Македонија мора да се обедини доколку сака да се зачува и да опстане

Претседтелот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски на денешната прес-конференција рече дека вчерашниот ден, на прв поглед,...

Македонија12 часа

Успеавме да спречиме ЕП да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски, вели бугарскиот шеф на дипломатијата

„Успеавме да спречиме Европскиот парламент да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски. Северномакедонскиот премиер очигледно не е возбуден...

Македонија12 часа

СДС се сити на пожарите, постојано се подметнуваат, а тие шират политички хаос и прават политички маркетинг, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Според партијата на власт, во СДС ништо не се менува и СДС продолжува со истата политичката матрица секогаш кога има...

Македонија12 часа

„Вреди“ до ДУИ: Доста со лаги, Албанците не се бројки за манипулација, ниту нули за игнорирање

Секојдневно, ДУИ шири ниски и бесрамни лаги против владењето на „Вреди“, обидувајќи се да ја измами јавноста со празни тврдења...

Македонија12 часа

Активни девет пожари во државата: сè уште гори во Чучер-Сандево, Визбегово, Дојран, Македонски Брод

Центарот за управување со кризи информира дека во моментов се активни девет пожари, меѓу нив и пожарот на депонијата во...

Спорт13 часа

Вимблдонска приказна што треба да ја прочитаат Сиљановска и Мицкоски: Чилеанец со македонско потекло, кој се гордее со тоа

Од специјалниот известувач од Вимблдон По скандалите со доделувањето на македонски пасоши на белосветски криминалци и нарко-босови, вистински потег на...

Свет14 часа

Рубио денес ќе се сретне со Лавров

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на состанокот...

Европа15 часа

(Видео) Експлозии одекнуваат во Киев, во тек е масовен руски напад, има жртви

Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина втора ноќ по ред, а Киев беше најтешко погоден, каде што експлозиите одекнуваа...

Македонија15 часа

Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП...

Македонија1 ден

(Фотогалерија) Армијата вклучена во гаснењето на пожарите

Армијата согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на дел од припадниците на Армијата во гаснењето на пожарите и...

Македонија1 ден

Тошковски: Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека денеска бил тежок ден со вкупно 20 пожари ставени под контрола, а...

Македонија1 ден

Ангажирани 60 војници за пожарот кај Ѓорче Петров, грчките канадери упатени кај Дојран

По барање на Центарот за управување со кризи, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај селото Николиќ, во близина на...