Контакт

Региони

Акција за обезбедување топол дом за Жиката од Прибилци

Објавено пред

Приказната за Живко Ѓорѓиевски или познат како Жиката од Прибилци, кој повеќе години е бездомник, а животната судбина го донесла на демирхисарските улици, ја заинтересирала граѓанската невладина асоцијација „Пријатели на Демир Хисар“, макар привремено, да му се обезбеди некаков пристоен живот.

dobivaj vesti na viber

„На Жиката треба да му се се најде кров над главата, ако не за повеќе, барем да го презими зимскиот период, да му се обезбедат скромни финансиски средства, облека, обувки, греење…Тој е со умерена интелектуална попреченост, татко му момочи во една приватна сточарска фарма, а мајка му е хоспитализирана во Психијатриската болница. Никој не се грижи за него, има благородни и хумани поединци кои му помагаат на најрзаличен начин, но тоа е неорганизирано, стихијно, недоволно и несоодветно на неговите потреби“, вели дипломираниот социјален работник и претседател на „Пријатели на Демир Хисар“ Горан Шундовски. Тој додава дека разговарал со директорот на Центарот за социјална работа Јовче Крстевски кој пак ветил подготвеност за безрезервна поддршка на кампањата за помош на ова младо демирхисарско бездомно момче. Во меѓувреме, во заедничка координација, двајцата побарале и оствариле средба со градоначалникот Љупчо Блажевски, и како што велат, поддршката стигнала и од негова страна. Општината е подготвена да обезбеди потребни финансиски средства за набавка на комплетна покуќнина – мебел, прибор, постелнина, печка, плаќање на сметките за потрошена струја и вода и други потреби.„Ова демирхисарско момче судбината го донесе до ова дереџе. Иако има само триесетина години, нема услови за никаква основна животна егзистенција .Изминативе години неколку пати се обидуваше да работи во истата приватна сточарска фарма каде е и неговиот татко, но заради природата на неговата болест сите тие обиди завршија без успех. Така Жиката остана на основната минимална социјална помош која ја добива од Центарот за социјална работа“, објаснуваат од невладината. Неодмна Пријатели на Демир Хисар се погрижи да му отвори на Жиката, лично негова транскакциска сметка од каде тој ќе меже сам да си ја подига социјалната помош, но ова не е доволно. Потребно трајно решение на неговиот проблем за престојувалиште посебно во зимскиот период. Во самиот град Демир Хисар тој е еден и единствен кој заради полесно преживување на зимата, гравитира во самиот град, привремено напуштајќи ја родната куќа во село Прибилци којашто е во многу лоша состојба, тешко се затоплува, нема вода и струја.„До неодамна  овие пари за социјална помош кои му следуваа на Жиката ги подигаше ополномоштено лице  и го снабдуваше со леб храна и намирници, но остана желбата на Жиката да располага и лично со еден дел од тие пари. „Пријатели на Демир Хисар“ ,се ангажираше да се  отвори трансакциска сметка на негово име,  и сега  тие пари Жиката може да ги подигнува од банка. Немаше граници радоста негова кога самиот на шалтерот на банката си ги подигна парите“,  додава Шундовски, кој од скромност одбива да каже дека невладината органзација излегувала и досега во пресрет на Жиката. Но, рече дека Жиката е негов голем личен пријател и чест гостин во домот во Мургашево.Во групата на основачи на  „Пријатели на Демир Хисар“ се и актуелни раководители на познати демирхисарски државни фирми од кои, исто така се очекува да дадат придонес, но нема да биде одбиена било каква и од било кого разновидна употреблива помош. Во моментов, сите активности на „Пријатели на Демир Хисар“ се насочени во правец на изнаоѓање соодветен државен, општински, па и приватен пристоен простор каде што привремено би бил сместен Жиката, а долгорочно, заедно со општината и Центарот за социјална работа ќе се бара трајно решение./крај/мф/бб

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ14 часа

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ15 часа

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ16 часа

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија19 часа

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет20 часа

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет20 часа

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет1 ден

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион1 ден

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет1 ден

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа1 ден

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ1 ден

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија2 дена

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ2 дена

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија2 дена

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија2 дена

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...

Македонија2 дена

Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди „епл“

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Епл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и...

Македонија2 дена

Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот

Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство....

Свет2 дена

(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да...

Македонија2 дена

„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика

По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското...