Спорт
Фергусон: Црвена звезда во 1991 година не растури
Официјалната интернет страна на Манчестер Јунајтед, изминатиот викенд потсети на натпреварот, одигран на 19. ноември 1991 година во рамките на европскиот Суперкуп, помеѓу „црвените ѓаволи“ и Црвена звезда.
Официјалната интернет страна на Манчестер Јунајтед, изминатиот викенд потсети на натпреварот, одигран на 19. ноември 1991 година во рамките на европскиот Суперкуп, помеѓу „црвените ѓаволи“ и Црвена звезда.Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон одлично се сеќава на тој натпревар. „Целосно бевме надиграни таа вечер, можеа да водат уште на полувремето со 5:0. Целиот тим на Црвена звезда беше фантастичен – Дејан Савиќевиќ, Дарко Панчев, Роберт Просинечки, Синиша Михајловиќ, Владимир Југовиќ…Сите тие беа брилијантни играчи“, изјави Фергусон за интернет страницата на Манчестер Јунајтед. Клејтон Блекмор, кој во тоа време играше по левата страна, во средниот ред на „црвените ѓаволи“, тврди дека „тогашниот тим на Црвена звезда веројатно бил подобар од актуелниот тим на Барселона“. „Савиќевиќ сигурно е најдобриот играч против кого сум играл. Беше фантастичен и подоцна кога замина во Милан. Година или две подоцна миланезите направија тим околу него и ја освоија европската титула. Савиќевиќ веројатно имаше најдобра „левица“ која некогаш сум ја видел, исто така беше исклучително брз. Беше како Меси, но не би рекол дека беше толку добар“, вели Блекмор. Савиќевиќ таа вечер играше брилијантно, но и покрај доминацијата, играчите на Црвена звезда не постигнаа гол. „Имавме среќа и на крајот победивме. На полувремето малку ги сменив работите, во игра го уфрлив Брајан Меклер, во средниот ред. Тука ја успоривме нивната игра и успеавме да победиме со 1:0, Меклер го постигна голот“, се сеќава Фергусон. На тој натпревар, голманот на Црвена звезда, Звонко Милојевиќ му одбрани пенал на Стив Брус, кој сега е менаџер на Сандерленд. крај/sc/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ставре Јада 88-ми во спринт трката на ЗОИ
Македонскиот репрезентативец, Стваре Јада, настапи во квалификациите, во спринт трката во крос-кантри, на ЗОИ во Милано и Кортина.
Во конкуренција на 95 натпреварувачи, Јада го освои 88-то место. Патеката во Вал ди Фјеме тој ја мина со време 3.59.56 минути, со речиси 53 секунди послаб резултат од победникот.
Победи Норвежанецот Јоханес Клабо со време 3.07.37, пред Американецот Бен Огден (3.09.88) и Французинот Жил Шапаз (3.12.86).
Фото/ МОК
Спорт
Стеф Кари поради повреда го пропушта Ол-стар натпреварот
По Шеј Гилџис-Александер (Оклахома), уште еден ас ќе го пропушти НБА Ол-стар викендот, станува збор за Стеф Кари. Оваа вест ја објави тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, пред натпреварот со Мемфис.
Кари почувствува болка во коленото пред две недели и го пропушти четвртиот натпревар по ред поради синдром на пателофеморална болка, попознат како „колено на тркач“. Тој нема да игра ниту во среда против Сан Антонио, за да биде подготвен за дуелот со Бостон на 19 февруари по Ол-стар викендот.
„Работата е што по пат учам што функционира во однос на рехабилитацијата. Коленото сè уште ме боли. Морам да се обидам да го отстранам целото воспаление и болка. Тоа е нешто што сè уште треба да го следиме. Не би сакал да се вратам прерано бидејќи повредата може да се влоши“, рече Кари.
НБА сè уште не објави кој ќе го замени Кари во тимот на САД. Ол-стар викендот ќе се одржи во арената Лос Анџелес Клиперс од 13 до 15 февруари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Роналдо се смири со раководството на Ал Наср
Навивачите на Ал Наср и фановите на Кристијано Роналдо можат да здивнат. Португалецот се смири со клупските челници.
Откако поради протест, пропушти два натпревари, Португалецот треба да се врати во тимот на Ал Наср и да игра во следниот натпревар против Ал Фатех.
Роналдо наводно бил во бојкот, незадоволен од начинот на кој се распределуваат парите во саудискиот фудбал. Бидејќи сите клубови се финансираат од еден инвестициски фонд, го вознемирувал начинот на кој Ал Наср работи и тоа што нивниот конкурент за титулата Ал Хилал минатата недела го реализираше трансферот на Бензема од Ал Ахли.
Тој, исто така, протестирал затоа што платите на вработените во клубот доцнеле.
Раководството на клубот очигледно ги прифатило овие жалби, па сега Роналдо може да се врати на теренот и да го прави она што најдобро го знае.
Foto/ depositphotos

