Спорт
Недев: Бев горд слушајќи ја македонската химна
Победи во пет борби, во дисциплината кумите, во конкуренција на 26 каратисти, му беа потребни на Дејан Недев, репрезентативецот во традиционални карате за да стигне до историски успех, освојување на златен медал на Европско првенство.
Победи во пет борби, во дисциплината кумите, во конкуренција на 26 каратисти, му беа потребни на Дејан Недев, репрезентативецот во традиционални карате за да стигне до историски успех, освојување на златен медал на Европско првенство. Недев до изворедниот резултат стигна на Европското првенство, кое минатата недела (16 и 17 ноември) се одржа во Ерусалим, Израел. Дваесет години беа потребни Македонија да добие континентален шампион во традиционално карате, на Недев тоа му успеа по два порази во финалето ( 2002 во Москва и 2004 во Скопје). Успехот на Недев е уште повеќе вреди ако се знае дека тој во Ерусалим ја обнови повредата на мускулот. „Овој резултат има историско значење. Многу пати стигнував до финалето, во 2002 и 2004 на европските првенства, а во 2006 на светско првенство, но не успевав да освојам златен медал. Бев максимално подготвен и имав огромна желба конечно да стигна до златниот медал. Цели 18 години сум член на репрезентацијата и ова е прво злато во сениорска конкуренција. Неописливо е чувството кога на победничкиот пиедестал се свиреше македонската химна, тоа ме направи многу горд. Жалам поради повредата, бидејќи мислам дека ќе освоевме златен медал и во екипна конкуренција“, изјави на денешната прес конференција, организирана од страна на Македонската традиционална карате федерација (МТКФ), европскиот првак Дејан Недев. На ЕП во Ерусалим покрај златниот медал на Недев, каратистите освоија уште две сребра и два бронзи. Европски вицешампиони во кумите екипно станаа Дејан Недев, Кристијан Кајчевски, Матеј Ангеловски и Аљоша Недев. Бронза, во дисциплината небу (маж/маж) освоија Даниел Димитриевски и Аљоша Недев. Во истата дисциплина, но во конкуренција на јуниори, сребрен медал освоија Матеј Ангеловски и Ернест Никочевиќ. Ангеловски во дисциплината фукуго освои бронза. Од осамостојувањето, МТКФ редовно учествува на сите големи натпреварувања, вклучувајќи ги светските и европски првенства, на кои вкупно се освоени 28 медали (едно злато, 10 сребра и 17 бронзи). На ЕП во Ерусалим учествуваа 236 натпреварувачи од 22 земји. По повод историскиот резултат каратистите утре ќе имаат прием во Агенцијата за млади и спорт. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Нан го продолжи договорот со Панатинаикос
Американецот Кендирк Нан денеска, како што беше најавено, потпиша нов договор со Панатинаикос.
Нан, кој го однесе Панатинаикос на завршниот турнир во Евролигата, имаше желба да се врати во НБА веќе летово, но како што изјави му се допаѓа Европа, Атина и Панатинаикос.
Тој е еден од најдобрите играчи во Евролигата во моментов и е фигура која може да ја направи разликата на теренот во корист на Панатинаикос на претстојниот фајналфор.
Тој ќе биде член на зелените во следните две сезони, со излезна клаузула во НБА следното лето.
На 33 натпревари во Евролигата, Нан имаше просек од 16 поени, три асистенции и 2,6 скока (48 проценти од шутот за два поени, 42 проценти од шутот за три поени и 96 проценти од слободните фрлања).
Пред да дојде во европската кошарка, тој играше четири години во НБА лигата, а во првата сезона 2019/20 година се најде во најдобрата петорка на дебитанти. Во НБА играше за Мајами Хит и ЛА Лејкерс.
Спорт
Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер
Борусија Дортмунд е во финалето на Лигата на шампионите. Двата полуфинални натпревари против ПСЖ, Борусија ги доби со 1:0.
На „Паркот на принцовите“, победникот го реши голот што го постигна Матс Хумелс во 50. минута.
Ова ќе биде трето финале во Лигата на шампионите за Борусија. Во првата, во 1997 година, го победија Јувентус со 3:1, а во 2013 година загубија со 2:1 од Баерн.
На првиот натпревар во Дортмунд, ПСЖ погоди две стативи, а во Париз само во вториот дел уште четири пати ја погодија рамката на голот.
„Морам да бидам искрен и да кажам дека моравме да го добиеме натпреварот. Имавме 30 удари кон голот, дури четири пати ја погодивме стативата. Фудбалот понекогаш е толку неправеден“, изјави тренерот на ПСЖ, Луис Енрике за „ТНТ“ по натпреварот и продолжи.
„Честитки за нив. Тие се одличен тим и се надевам дека ќе победат во финалето. Мораме да се регрупираме и да создадеме нешто посебно и да се вратиме следната сезона и да го освоиме ова натпреварување”.
Спорт
Видео на денот – Марко Ројс како водач на навивачите
Борусија Дортмунд ја пишува приказната на сезоната во Европа, а во центарот на вниманието е клупската легенда Марко Ројс.
Во пресрет на реваншот со Пари Сен Жермен, Ројс официјално објави дека го напушта саканиот клуб на крајот на сезоната, по истекот на договорот.
Не можеше да замисли подобро збогување од финалето на Лигата на шампионите на „Вембли“, каде што беше актер и во 2013 година во поразот од Баерн Минхен.
Токму затоа ова е видеото на денот, Марко Ројс го предводи навивањето по победата над „светците“ во Париз.
Борусија славеше со голот на уште еден ветеран, Матс Хумелс и со вкупен резултат 2:0 се пласира во финалето.
🇩🇪 Marco Reus celebrating with the Dortmund fans last night… 🫂🗣️
𝙄𝙣𝙘𝙧𝙚𝙙𝙞𝙗𝙡𝙚. ⚫️🟡 pic.twitter.com/laOKT95VvJ
— PurelyFootball ℗ (@PurelyFootball) May 8, 2024