Македонија
Пожар пеплоса стока и плевна во битолско
Страотен пожар синоќа околу два часот уништи штала со овци и севкупната храна наменета за нив во селото Доленци во сопственост на Себајдин Алировски кој живее во Канада. Како што јави телевизијата Тера, од 120 овци и околу 70 јагниња наменети за продажба, успеале да преживеат 60-тина, а дел од нив се со тешки изгореници. Лицата кои во отсуство на сопственикот водат грижа за стадото, раскажуваат за страотната глетка која траела до шест часот изутрина. „Околу 70 јагниња изгореа внатре, 50 овци, околу 3,5 тона жито и 700 бали со сено и луцерка внатре што беше“, вели Неџо Реџеповски. Опожарените објекти не биле осигурани, па материјалната штета е многу голема, Ветрот придонел за зголемување на огнот, но и балите сено кои се наоѓале на горниот дел од шталата и паднале заедно со покривот по што биле блокирани излезите од шталата. „Тоа беше една опасна стихија која не може да се претстави со зборови, страшно нешто и се направи голема штета“, вели Невљут Шерифовски. Бидејќи струјата била исклучена, се претпоставува дека пожарот е последица на некоја искра од оџаците. Жителите ја исклучуваат можноста пожарот да бил подметнат, бидејќи такво нешто не се случило до сега во селото, а и газдата, кој е во Канада, не бил во лоши односи со никого од жителите на селото Доленци. /крај/тт/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

