Македонија
МО: Жалиме што дел од професионални војници се изманипулирани
Министерството за одбрана изрази жалење што Незавсиниот синдикат на професионалните војници на Македонија ги напушти преговорите со МО за решавање на статусот на нивниот статус
„Искрено жалиме, што неколку професионални војници се предмет на политичка манипулација, а не лица кои работат за интересите на Армијата.Ние тоа што го најавивме го реализираме. Но не зачудува несериозноста на некои членови на раководството на синдикатот. Истите тие кои кажаа дека станува збор за прифатливо решение сега го тврдат спротивното. Тоа за жал е обид за манипулација од нивна страна“ изјави министерот за одбрана, Зоран Коњановски.Од министерството за одбрана велат дека со предложените законски измени кои поминале на владина седница се регулира активната резерва во која ќе бидат ангажирани професионалните војници на кои им престанува службата во АРМ по основ на навршување 38 годишна возраст, можноста за подигнување на старосната граница за прием на подофицери на служба во АРМ, од 33 на 38 години, финансискиот месечен надоместок за секое лице во активната резерва, кој ќе биде во просек од 8000 денари, поделено по три периоди и тоа без разлика дали станува збор за вработено или невработено лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Премиерот од Форино ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи“, велат од Град Скопје
На денешната прес-конференција во Влада, ВД премиерот Талат Џафери избегнува одговорност и манипулира со некакви процедури само за него познати, лажејќи дека сопственост и надлежност на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ било да се грижи за зеленилото во Влада, реагираат од Град Скопје.
„Талат Џафери ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи сигурно. Од ВД премиерот од Форино, што кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори и прави хаос низ градот, не е ни очекувано дека би требало да знае што е негова обврска, тој само знае какви бенефиции може да искористува.
ЈП „Паркови и зеленило“ ги одржува градските булевари и паркови површини кои се надлежност на претпријатието согласно Закон, а ако сака ВД премиерот Талат од Форино да ги ангажира да работат во Влада за истото треба да си склучи Договор, исто како и секоја друга институција во Македонија“, се наведува во реакцијата на Град Скопје.
Техничкиот премиер Талат Џафери по денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена од Владата што ја предводи, даде објаснување за порасната трева околу Владата за што имаше многу реакции од граѓаните. Одговарајќи на новинарско прашање за тревата, Џафери објасни дека тоа е обврска на Град Скопје, па од таму и изборниот резултат на партијата што ја предводи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Скопје
Посебен режим на сообраќај в недела во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 12.5.2024 (недела) од 8.30 до 10.30 часот, поради одржување улична трка, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај, и тоа на сообраќајниците по кои ќе се движат натпреварувачите, кои имаат стартна позиција на булеварот Илинден – локација Фонтана, ќе се движат по булеварот Илинден до крстосницата со улицата Никола Парапунов, потоа до крстосницата со булеварот Партизански одреди, десно (кон населбата Ѓорче Петров) до мостот „Влајко“, каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со улицата Љубљанска, каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на улицата Никола Парапунов и по булеварот Илинден до целта на локација Фонтана на булеварот Илинден.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива настанот.
Македонија
Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа
Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешнополитички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан Пеевски.
„Зборовите на лидерот на партија со тврдења од нашата соседна земја дека ќе чека поразумен премиер се апсолутно недозволиви и неприфатливи. Нема оправдување Северна Македонија да се оттргне од свјот евро-атлантски пат“, вели Пеевски и му се обраќа на претседателот на македонската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:
„Сакам да му се обратам на господинот Миткоски: нема да има бугарски премиер што ќе оди спротивно на интересите на Бугарија. Од вас се очекува правилно да го исполните договорот потпишан со Бугарија. Ве потсетуваме дека Бугарија како држава направи многу со поддршката за Северна Македонија, чие место треба да биде членка на ЕУ“, вели Пеевски.