Спорт
Вимблдон заврши за Јанковиќ во првиот настап

Шпанката Марија Хозе Мартинез Санчез е „виновникот“ за новиот неуспех на Јелена Јанковиќ. Во првото коло Санчез ја победи Србинката со 5:7, 6:4, 6:3 и ја елиминира на стартот.
Шпанката Марија Хозе Мартинез Санчез е „виновникот“ за новиот неуспех на Јелена Јанковиќ. Во првото коло Санчез ја победи Србинката со 5:7, 6:4, 6:3 и ја елиминира на стартот.На останатите средби од првото коло беа постигнати следните резултати:Анастасија Павличенкова (14) – Лесја Цуренко 6:4, 7:6 (3)Барбора Захвалова Стрицова – Александра Вознијак 7:6 (7), 6:4Катерина Бондаренко – Ализ Корне 7:5, 6:2Ребека Марино – Патриција Меер Ашлајтнер 6:3, 7:5Марина Ераковиќ – Каи Чен Танг 6:4, 6:2Виржини Разано – Сања Мирза 7:6 (4), 2:6, 6:3Стефани Дубоа – Ирина Фалкони 6:2, 6:2Симона Халеп – Бојана Јовановски 6:1, 6:2Петра Квитова (8) – Алекса Глач 6:2, 6:4Роберта Винчи – Вера Душевина 7:5, 6:2Петра Мартиќ – Вања Кинг 5:7, 6:2, 6:2Светлана Пиронкова – Камила Џорџи 6:2, 6:1Мажи Жил Симон – Едуар Роже Васелин 4:6, 6:4, 6:3, 7:6 (3)Иво Карловиќ – Јанко Типсаревиќ 7:5, 3:1 предаден меч.Серхи Стаковски – Даниел Кокс 6:2, 6:4, 6:4Хуан Игнасио Чела – Маринко Матошевиќ 6:4, 6:4, 6:7 (6), 6:2Робин Хас – Пере Риба 6:4, 6:4, 6:4. ./крај/Макфакс/.м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“