Македонија
Се интензивираат средбите со бизнис заедницата

Се интензивираат и средбите со бизнис заедницата од Општина Кисела Вода. Имено, уште во четврток и петок (03 и 04 септември) претставници од Секторот за локален економски развој и Секторот за урбанизам ќе посетат поголем дел од стопанските субјекти од општината
Целта на посетата е да се интензивира соработката во насока на заедничко креирање на локалниот економски развој, решавањето на инфраструктурните проблеми и подобрување на целокупната бизнис клима во општината. Претставници од Секторот за локален економски развој и Секторот за образование од Општина Кисела Вода, ќе ги посетат сите основни училишта и јавните детски градинки на територијата на општината, со цел да се запознаат со постоечката состојба и истовремено да се разгледа можноста од изработка на проекти за реновирање и софистицирање на образовните институции, со кои ќе се аплицира пред домашните и меѓународни институции кои даваат грантови и донации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија.
Вкупно 8.848 болни или немоќни лица, како што велат од ДИК, можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори.
Со почеток во 7:00 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 2162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор.
Од ДИК информираат дека 442 лица сместени во установите за вонсемејна грижа своето право на глас може да го остварат во вкупно 13 центри за вонсемејна грижа.
Гласањeто денес започна во 7 часот утринава, а завршува во 19 часот.
Македонија
Од средината на следната недела ќе биде потопло

Следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе биде во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Макималната температура ќе достигне до 16 степени.
Македонија
ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта.
Јавен обвинител, како што соопшти денеска Основнот јавно обвинителство, на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка.
„Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се случил настанот“, стои во соопштението на ОЈО.
При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство.
Министерот за култура најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Малевски со цел да се зачува автентичниот изглед и историјскиот дух.