Контакт

Спорт

Реакции по жребот за СП во Јужна Африка

Објавено пред

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија Радомир Антиќ истакна дека верува оти неговата екипа ќе успее да ја мине групната фаза на натпреварите на Светското првенство

dobivaj vesti na viber

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија Радомир Антиќ истакна дека верува оти неговата екипа ќе успее да ја мине групната фаза на натпреварите на Светското првенство во Јужна Африка. „Задоволен сум. Мораме да имаме доверба во себе. Ова е голема шанса. И до сега бев оптимист и повеќе нема причина да не бидам“, изјави Антиќ по жребот. Србија се наоѓа во групата Д, заедно со Германија, Австралија и Гана. Задоволство од противниците во групата изрази и играчот за врска на англиската репрезентација Стивен Џерард. Она што не сакав пред жребот е да се сретнеме со непознати репрезентации и тоа го избегнавме, а не сакавме и многу тешка група, како онаа во која се најде Бразил. Против две репрезентациите во групата(Словенија и САД) игравме и знаеме што може да очекуваме“, рече Џерард. Напаѓачот на Уругвај Диего Форлан беше резервиран околу шансите за успех, додавајќи дека се квалификувале на СП и сега ќе се сконцентрират на нивните противници. Во нивната група се и домаќинот Јужна Африка, Мексико и Франција. Словенечкиот селектор Матјаж Кек изрази надеж дека неговата екипа ќе остави добар впечаток. „Факт е дека на светската табела сите екипи се подобро рангирани од Словенија и фаворит во нашата група е Англија“, рече Кек. Селекторот на Мексико Хавиер Агуира смета дека не е баш поволно што во првиот натпревар играат против домаќинот на СП. Германскиот одбрамбен фудбалер Филип Лахм смета дека ова е праведен жреб и се надева на пласман во осминафиналето. Швајцарскиот селектор Отмар Хицвелд смета дека од нивната група сигурни фаворити за во вториот круг се Германија и Србија, додека селекторот на Австралија додава дека противниците во нивната група се предизвик. Во петок вечер во Кејптаун беа извлечени репрезентациите по групи за настап на СП во Јужна Африка. Во групата А се:Јужна Африка, Мексико, Уругвај и Франција. Група Б:Аргентина, Нигерија, Република Кореја и Грција. Група Ц:Англија, САД, Алжир и Словенија. Група Д:Германија, Австралија, Србија и Гана. Група Е:Холандија, Данска, Јапонија и Камерун. Група Ф:Италија, Парагвај, Нов Зеланд и Словачка. Група Г:Бразил, Северна Кореја, Брегот на Слоновата Коска и Португалија. Група Х:Шпанија, Швајцарија, Хондурас и Чиле. /крај/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Анчелоти: Естевао ќе игра за Бразил на Светското првенство

Објавено пред

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, изјави дека играчот на Челзи, Естевао, ќе игра за Бразил на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико во 2026 година.

dobivaj vesti na viber

Естевао (18) пристигна во Челзи од Палмеирас во јуни оваа година за 29 милиони фунти. Младиот бразилски фудбалер одигра 18 натпревари за Челзи оваа сезона и постигна пет гола.

„Мислам дека Естевао ќе игра за Бразил на Светското првенство 2026. Врз основа на тоа како Естевао играше во последните шест месеци, мислам дека ќе игра на Мундијалот“, изјави Анчелоти.

Естевао дебитираше за Бразил во 2024 година, а за репрезентацијата одигра 11 натпревари и постигна пет гола.

„Тој е многу, многу посебен играч. Тој е сосема поинаков, бидејќи е природно талентиран. Што се однесува до неговиот талент, не може да го подобри, но она што може да го направи е да обезбеди континуитет“, додаде селекторот на Бразил.

Анчелоти истакна дека е задоволен од настапите на младиот фудбалер во Челзи.

„Естевао напредува многу добро во Челзи. Не сум разговарал со претставниците на Челзи, но сум сигурен дека работат на посебна програма со него. Мислам дека националниот тим мора да го искористи овој голем талент“, заклучи Анчелоти.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Благоја Милевски повеќе не е селектор на Македонија

Објавено пред

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот на националниот тим, Благоја Милевски, чиј мандат истече на 30 ноември.

dobivaj vesti na viber

Во својот мандат на клупата, од 1. август 2021 година, Милевски ја предводеше Македонија на 48 натпревари. Под негово водство, репрезентацијата забележа 18 победи, 14 нерешени и 16 порази. Во овој период, Македонија успеа да избори два бараж дуели за пласман на Светско првенство, заврши како првопласирана во Ц сегментот од Лигата на нации и обезбеди настап во Б дивизијата во следното издание на натпреварувањето.

Фудбалската федерација на Македонија упатува искрена благодарност до селекторот Благоја Милевски и неговиот стручен штаб за посветената работа, професионалната соработка и постигнатите резултати.

„Управниот одбор на ФФМ смета дека на македонската репрезентација ѝ е потребна нова енергија и поинаков мотив за претстојните предизвици што ја очекуваат нашата национална селекција. Веруваме дека со нов стручeн тим ќе се внесе „нов ветер“ во работата на тимот, кој ќе овозможи уште поголема конкурентност и амбиција во натпреварите на Македонија.

ФФМ останува целосно посветена на создавање најдобри можни услови за работа, како и на обезбедување максимална поддршка за репрезентацијата. Досегашната соработка со стручниот штаб предводен од Милевски беше на високо професионално ниво и ја цениме нивната посветеност и односот кон репрезентацијата. Остануваме подготвени со истата посветеност, да ги поддржиме идните планови и предизвици на македонската А репрезентација“, соопшти ФФМ.

Управниот одбор на ФФМ најдоцна до 25. декември 2025 година ќе донесе одлука за назначување на нов селектор.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Антонели добил над 1.000 заканувачки пораки по обвинувањата од Хелмут Марко

Објавено пред

Советникот во Ф1 тимот, Ред Бул, Хелмут Марко, јавно го обвини возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, дека намерно дозволил да биде престигнат од Ландо Норис на Големата награда на Катар. Ова обвинување на тинејџерот му ги нарави „пекол“ изминатите 24 часа. Антонели, како што објави неговиот тим, Мерцедес, добил над 1.000 сериозни закани.

dobivaj vesti na viber

Италијанскиот возач направи грешка, во претпоследниот круг од претпоследната трка во сезоната, влезе широко во еден свиок, што му овозможи на Норис да ја освои четвртата позиција и да освои два дополнителни вредни бода.

Макс Ферстапен во автомобилот на Ред Бул ја однесе победата на патеката „Лусаил“, пред вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри, и Карлос Саинц од Вилијамс.

По трката, Норис има 12 бода повеќе од актуелниот шампион и 16 повеќе од својот тимски колега, во пресрет на последната трка во сезоната.

Веднаш по завршувањето на трката, тркачкиот инженер Ферстапен, Џанпјеро Ламбиасе, му кажа на Холанѓанецот преку радио дека Антонели го пуштил Норис, а потоа Марко изјави дека е јасно дека Италијанецот се трнал од патеката. Овие коментари предизвикаа неприфатливи навреди на социјалните мрежи, поради што Антонели својата профилна слика на Инстаграм, ја обои во црно.

Потоа Марко призна дека згрешич и се извини за навредите и заканите што ги претрпе Антонели.

„Го гледав видеото повторно. Во првиот случај, Антонели можеше да се одбрани малку подобро од Пјастри, а во вториот случај тоа беше грешка при возењето, која не беше намерна. Жал ми е што Антонели беше цел на навреди, но дозволете ми повторно да разјаснам – тој не го пушти намерно Норис“, рече Марко.

Некои извори посочуваат дека Антонели добил над 1.000 закани на социјалните мрежи, а дека уште околу 300 стигнале до Мерцедес.

Овогодинешното првенство во Формула 1 завршува претстојниот викенд со Големата награда на Абу Даби.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Продолжува повратот на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од...

Македонија7 часа

Се вклучија камерите во Скопје, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена

Камерите поставени на сообраќајниците во Скопје од денеска ќе снимаат, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена, а од...

Македонија7 часа

Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта,...

Македонија8 часа

(Видео) Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на Стража на автопатот Гостивар – Букојчани

Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8, на релацијата Скопје –...

Македонија8 часа

Синдикатот на вработените на клиниките против реорганизацијата – прераспределбата на кадри може дополнително да ја наруши стабилноста на здравствениот систем

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центрите, клиничките болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) предупредува дека предложената внатрешна...

Свет9 часа

Врховниот адмирал на НАТО: Размислуваме за поагресивен пристап против Русија

НАТО размислува за заземање поагресивен став како одговор на руските кибер-напади, саботажи и нарушувања на воздушниот простор, изјави највисокиот воен...

Свет9 часа

Хакирани 120.000 камери во домови и гинеколошки ординации во Јужна Кореја, снимки со експлицитна содржина продавани на интернет

Четири лица се уапсени во Јужна Кореја за наводно хакирање повеќе од 120.000 видеокамери во домови и бизниси и користење...

Свет9 часа

ЕУ го предупредува Трамп: Путин мора да одговара за воените злосторства

Висок функционер на Европската Унија предупреди дека мировниот план на Доналд Трамп за Украина не смее да го ослободи Владимир...

Свет10 часа

Трамп: Украина има сериозни проблеми

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е оптимист по разговорите меѓу украинските претставници и неговата администрација за начините за...

Македонија1 ден

Родителите прават штета кога инсистираат нивните деца да добиваат петки без соодветно знаење, вели Јаневска

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој...

Македонија1 ден

Убиени оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) убија четворица оперативци на Хамас денес откако излегоа од тунел на југот од Појасот Газа, објави...

Македонија1 ден

Поплавени дворови, подруми и ниви во Општината Чешиново – Облешево, не се чистеле каналите

Во Општината Чешиново – Облешево во повеќето од населени места се поплавени дворови, подруми, ниви со неожнеан ориз и  житни...

Македонија2 дена

Марш на ангелите“ во Кочани: До кога ќе се одложува правдата и вистината за „Пулс“

Родителите и блиските на загинатите во пожарот во „Пулс“ одржаа уште еден „Марш на ангелите“ во Кочани, кој почна од...

Македонија2 дена

Анализите покажаа дека нема тешки метали во водата што ја пиеле затруените деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо...

Македонија2 дена

Поголем дел од Скопје утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември (недела), поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе...

Македонија2 дена

Бесплатни уролошки прегледи денес во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина

По повод Месецот на машкото здравје – Мовембер, во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември”...

Свет2 дена

Еден загинат и 11 повредени во руски напад со дронови врз Киев, меѓу нив и дете

Најмалку едно лице загина синоќа, а 11 се повредени во руски напад со дронови врз Киев, соопштија градските власти. Градоначалникот...

Свет2 дена

Преговорите со САД за мировниот план за прекин на конфликтот со Русија ќе почнат наскоро, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на преговорите со Соединетите Американски Држави за мировниот план за прекин на конфликтот со...

Свет2 дена

Во притвор се сите осомничени за грабежот во Лувр во Париз вреден 88 милиони евра

Четворицата наводни главни извршители на кражбата на скапоцености во Лувр во Париз сега се зад решетки, соопшти вчера јавниот обвинител...

Европа3 дена

ЕУ ѝ постави ултиматум на Украина

Киев мора да преземе решителни мерки за гонење на корумпирани политичари и бизнисмени ако Украина сака да се приклучи на...