Свет
Нова ерупција на вулканот Синабунг, две лица починалe
Илјадници луѓе и денеска ги напуштаат своите домови поради нова ерупција на вулканот Синабунг на индонезискиот остров Суматра, кој се активираше во неделата, првпат по 400 години
Според информациите на странските медиуми досега се евакуирани 21 илјади лицa, а две лица починаа од инфаркт, поради компликации со респираторниот систем . Нивното дишење било отежнато поради облакот што се создал по утринската ерупција.Индонезиската влада ги смести евакуираните лица во привремени засолништа, во џамии, цркви и шатори. Поделени се над 17 илјади заштитни маски, а во текот на денот ќе трае поделбата на лекови.Засега, најблискиот аеродром до вулканот Polonia работи, но CNN пренесе дека е можен прекин на летовите поради вулканскиот облак.
Бројот бегалци пред опасноста од вулканска ерупција на вулканот Синабун на индонезискиот остров Суматра достигна повеќе од 20 илјади луѓе, соопшти во понеделникот за Agence France Presse, началникот на локалната спасувачка служба Андес Мбаг. Лавата од вулканот Синабунg кој се наоѓа на истоимената планина во северниот дел на островот во близина на градот Медан, почнал да избива околу полноќ по локално време во неделата. Над вулканот кој не бил активен 400 години се издига столб од чад висок 1,5 километри, а спасувачки служби уште во неделата ја започнаа евакуацијата на жителите на околните села. Индонезиското министерство за здравство постави медицински пунктови за итна помош во близина на вулканот а на локалното население им се поделени заштитни маски, лекарства и упатства за постапување во вонредни ситуации.Вулканолозите прогласија „црвена“ највисок степен на трегова од вулканска активност, и покрај фактот дека во послдените 12 часа активноста на вулканот е за малку намалена. Сепак,како што изјавил вулканологот Агус Будианто во 6.30 наутро по локално време вулканот почнал да еруптира повторно, а се згоелмил и столбот од чад и вулканска пепел . Според агенцијата, во врска со зголемена опасност за авионите, с еправат напори за пренасочување на летовите, а билe и откажани неколку летови на домашните линии чии рути се во близината на ерупсцијата. „Во понеделникот може да има застој во аиосообраќајот, што ќе зависи и од насоката на ветерот“, изјавил претставник на индонезиското министерство за транспорт, Бамбанг Ерван.Индонезија е дел од ткн „Пацифички огнен прстен“ кој се наоѓа на судирот на големите и моќни тектонски плочи од дното на Индискиот Океан, кој е притиснат ода ткн. Азиската тектонска плоча. Акумулираната подземна тензија се ослободува пота како силни земјотреси или како можна вулканска активност.На 26-ти август 1883 г. е забележана ерупцијата на познатиот вулкан Кракатау, кој се наоѓа во Зондскиот теснец меѓу Јава и Суматра. Тогаш почнала првта ерупција која траела до утрото на 27-ми август. Од потресите на околните острови иле уништени многу домови. На 27-ми август, околу 10 часот утрото се случила огромна експлозија, а еден час подоцна и втората вулканска експлозија со иста голема сила. Се проценува дека повеќе од 18 кубни километри камени фрагменти и пепел биел исфрлени во атмосферата. Цунами брановите предизвикани од експлозиите, ги опустошиле градовите, селата и шумите на бреговите на Јава и Суматра. Многу острови исчезнал под водата заедно со населението. Цунамито од оваа легендарна ерупција на Кракатау било толку моќно што било почуствувано на цеата планета. Тогаш на Јава и на Суматра исчезнале вкупно 295 градови и села, при што загинале повеќе од 36 илјади луѓе, а стотици илјадници луѓе останале без домови. Катаклизмата го изменила брегот на Суматра и Јава до непрепознатливост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош
Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од студ поради тешките зимски услови и го повика Израел да ја ублажи блокадата на хуманитарната помош, додека, како што наведуваат, воените дејствија продолжуваат и покрај примирјето.
МСФ соопшти дека во јужниот дел на Газа, во Кан Јунис, од тешка хипотермија починало прерано родено бебе на 29 дена, истакнувајќи дека зимата во комбинација со исклучително лошите животни услови значително ги зголемува здравствените ризици, пренесе Ал Џезира.
Според податоците на Министерството за здравство на Газа, бројот на смртни случаи поради екстремните временски услови достигнал 13, додека претходно оваа недела од студ починало и двонеделно бебе поради недостаиг на соодветно засолниште и облека.
Шефот на педијатриско-акушерското одделение во Медицинскиот комплекс „Насер“ Ахмед ал-Фара предупреди дека хипотермијата е исклучително опасна за новороденчињата и дека доколку на семејствата во шаторите не им се обезбедат средства за греење и соодветно сместување, бројот на смртни случаи ќе расте.
МСФ наведува дека бележи висок пораст на респираторни инфекции, кои во текот на зимата би можеле дополнително да се шират, особено загрозувајќи ги децата под пет години.
Во последните недели Газа се соочува со обилни врнежи, силни ветрови и ниски температури, при што повеќе од 53.000 шатори, кои служат како привремено сместување за раселените лица, се оштетени или уништени.
Поради уништената инфраструктура, улиците брзо се поплавуваат, а канализацијата се излева, додека семејствата се принудени да се засолнат во делумно урнати објекти.
Обединетите нации наведуваат дека Израел и натаму спречува испорака на шатори, ќебиња и други основни потреби, додека околу 55.000 семејства претрпеле штета за време на невреме, а оштетени се и просторите наменети за деца, што погодило околу 30.000 деца.
Организацијата „Refugees International“ оцени дека хуманитарната помош во Газа пристигнува во минимални количини, делумно поради списокот на „контролирани предмети“, кој, според наводите, вклучува и основни потреби како пелени, завои и шатори.
Свет
Брз патнички воз уби седум слонови на пруга во Индија
Седум диви азиски слонови загинаа, а еден мал е повреден кога брз патнички воз се судрил со крдо кое ја преминувало пругата во североисточната индиска сојузна држава Асам, соопштија локалните власти.
Машиновозачот забележал крдо од околу 100 слонови и ги употребил сопирачките за итни случаи, но возот сепак удрил во дел од животните, изјави портпаролот на Индиските железници, Капинџал Кишор Шарма.
Пет вагони и локомотивата излетале од шините по сударот, но немало човечки жртви.
Ветеринари извршиле обдукција на угинатите слонови, кои дополнително треба да бидат погребани.
Местото на несреќата е шумско подрачје на околу 125 километри југоисточно од главниот град на Асам, Гвахати.
Возот „Раџдани експрес“, кој сообраќал од Саиранг во државата Мизорам која се граничи со Мјанмар, бил на пат кон главниот град Њу Делхи со 650 патници кога удрил во слоновите.
Сударите на возови и диви слонови не се ретки во Асам, каде што живеат околу 7.000 диви азиски слонови, што претставува една од најголемите концентрации во Индија. Од 2020 година, најмалку десетина слонови биле убиени на овој начин.
Свет
Италијанската полиција конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 луѓе
Во голема операција против илегалната трговија со дрога италијанската полиција откри и конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 лица.
Во операцијата 655 лица се ставени под истрага, од кои 39 малолетни, а конфискувани се 35 килограми кокаин и повеќе од 40 парчиња огнено оружје.
Полицијата изврши контроли и во 312 продавници за канабис, при што привремено се затворени пет продавници во три града откако биле извршени 312 контроли. Конфискувани се 296 килограми производи од канабис.
Италија во јуни одобри безбедносен декрет со кој се забранува така наречениот „легален“ канабис и трговијата со „лесен канабис“ или коноп се прогласува за нелегална трговијата, кој, за разлика од марихуаната, нема психоактивни ефекти.

