Црна хроника
Кривична пријава за убиецот од Струга
Кривична пријава против А.К.(23) од струшкото село Велешта, кој во саботата го уби Аргетим А. Поднесе полицијата за „убиство“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.
Имено, на 25-ти овој месец околу 13.15 часот, пријавениот на ул.Маркс Енгелсова“ од огнено оружје пиштол испукал 14 истрели и од живот го лишил Аргетим А. (42) од Струга.
Настанот се случил во момент кога сега починатиот излегувал од деловен објект лоциран на истата улица во Струга.
Во моментот, од патничко моторно возило марка „Голф“ сребрена боја излегол сега пријавениот и од огнено оружје пиштол испукал 14 куршуми кон Аргетим А. кој на пат кон општата болница во Струга подлегнал на повредите.
Смртта е констатирана од лекар во хируршкото оделение при општата болница во Струга.
По извршениот криминалистичко технички увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и по други преземени мерки, полициските службеници извршија претрес во домот на сега пријавениот при што во дворот забележано е патничко моторно возило „Голф“ со струшки регистарски ознаки.
Во багажникот од возилото пронајден е пиштол марка „ХС“ со рамка без муниција (оружјето со кое е извршено делото).
Истите со потврда за привремено одземени предмети се одземени, а пиштолот е предаден на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери пронајдена мртва
Идентификувано е телото кое пред неколку дена беше пронајдено во реката Вардар. Се работи за Лидија Трајковска, жената од Јурумлери која исчезна во ноември минатата година.
Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково.
Лидија (43) исчезна на 8 ноември минатата година, кога последен пат била видена на автобуската станица во селото.
Потрагата по неа траеше неколку месеци, а нејзиниот брат и сестра барале и меѓународна помош за да ја пронајдат.
Црна хроника
Уапсен 32-годишен кумановец: бил баран по потерница за издржување затворска казна
Вчера во 16.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле 32-годишниот М.И. од Куманово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор К`шање за издржување затворската казна.
Црна хроника
Четворица уапсени во Куманово: при претрес пронајден алат за извршување кривични дела
Вчера во 18.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода 37-годишниот Б.С., 43-годишниот Н.М. и 38-годишниот З.Ч., тројцата од Штип и 39-годишниот З.П. од Куманово затоа што при преглед во патничкото возило во кое се превезувале бил пронајден алат за извршување кривични дела, додека кај З.П. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.