Македонија
Законот за Охрид влегува во собраниска процедура
Долгоочекуваниот Закон за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, уште познат како Закон за Охрид, влегува во собраниска процедура.
Долгоочекуваниот Закон за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, уште познат како Закон за Охрид, влегува во собраниска процедура.Предлагач на законот е Министерството за култура.„Причина повеќе за донесување на законот претставува и потребата за официјализирање на протекторскиот статус на Старото градско јадро на Охрид, изразен преку неговата категоризација заради вредностите што ги има, со што се определува степенот на значење на културното наследство од јавен интерес во функција на пропишување на соодветен режим на заштита, утврдување на приоритетите во заштитата, разграничување на надлежностите и примена на ратификуваните меѓународни договори“, се вели меѓу другото во предлог текстот на Законот за Охрид.Со овој закон ќе се редефинираат вредностите и границите на Старото градско јадро на Охрид како заштитена споменичка целина, вклучувајќи го и определувањето на контактните зони.Охрид спаѓа во редот на ретките балкански градови, како што се Солун, Воден и Дирахион, кои континуирано живееле од праисториските времиња, преку античкиот и доцноантичкиот период, раното христијанство, раниот и развиениот среден век, османлискиот период, па сè до денес – во периодот од IV век пр. н.е. до XXI век. Богатата материјална и духовна култура на Охрид, градот го става на пиедестал меѓу најзначајните споменици во светот. Тоа е оцена и на УНЕСКО, кој во 1979 и 1980 година, го става на листата на природно и културно светско наследство. крај/охридњуз
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

