Свет
Ирак: армијата на Садр се распадна на криминални банди
Армијата на анти-американскиот свештеник Моктада ал-Садр се растури во повеќе мали одметнати групи, кои убиваат ирачки функционери по нарачка на странски спонзори, тврдат Садристите и ирачките безбедносни функционери
Армијата на анти-американскиот свештеник Моктада ал-Садр се растури во повеќе мали одметнати групи, кои убиваат ирачки функционери по нарачка на странски спонзори, тврдат Садристите и ирачките безбедносни функционериАрмијата на Мехди, која се бореше против трупите на САД по нивната инвазија во 2003 година, сега е поделена на мали, добро обучени и добро вооружени криминални банди, кој за пари извршуваат убиства, киднапирања и изнудување од приватници и владини агенции, особено во реонот на Багдад.Популарниот шиитски свештеник, кој е се уште на чело на милицијата која остана од неговата армија, но и на политичкиот блок кој го создаде, отфрли каква и да е врска со одметнатите групи, нарекувајќи ги „убијци“ и „криминалци“ и ги повика ирачките сили за безбедност, но и локалното население да го зголемат притисокот за нивно уништување.„Тие се претворија во платенички групи кои немаат идеологија, ниту пак специфична агенда. Тие се платени убијци и немаат никаква врска со Моктада ал-Садр“, вели генерал-мајор Хасан ал-Баидан, начелник на оперативната команда за безбедноста на Багдад.Садр ја распушти својата армија откако шиитските владините сили предводени од премиерот Нури ал-Малики и потпомогнати од Американците, и нанесоа тежок пораз во Багдад и во повеќе градови на југот на земјата. Неговото движење стана битна политичка сила во земјата, но голем број од поранешните борци имаат потешкотии да се вклопат во цивилниот живот. /крај/reuters/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

