Скопје
Скопје одбележува 51 година од катастрофалниот земјотрес

Педесет и една година се одбележува во сабота од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
По тој повод официјални делегации и претставници на институции, на Градските гробишта во Бутел, пред споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година го разори Скопје, ќе положат цвеќе.
Во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на град Скопје, што се наоѓа во ДХО „Даре Џамбаз“,со почеток во 10 часот, па сè до 18 часот, ќе биде реализирана традиционалната крводарителска акција во организација на Црвен крст на град Скопје.
Во 12 часот, во Салата за состаноци на Кабинетот, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ќе го прими режисерот Вељко Булајиќ, авторот на документарниот филм „Скопје `63“, што ќе биде проектиран во сабота вечер во Музејот на град Скопје.
Во Музеј на град Скопје, во 19 часот, ќе се одржи литературно читање насловено како „Поетесите за својот град“. Во 20:30 часот, во Салонот на МГС ќе биде отворена изложбата на фотографии „Скопје ‘63 – филмска хроника на едно време“.
Проекција на еден од најнаградуваните документарни филмови „Скопје ‘63“ на режисерот Вељко Булајиќ е закажана за 21 часот во Музејот на град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)