Свет
Затворена швајцарската жиро-сметка на основачот Wikileaks
Подружница на швајцарската пошта, компанијата PostFinance ја затвори сметка на основачот на сајтот Wikileaks Џулијан Aсанџ, со образложение дека тој доставил неверодостојни информации за местото на престојување, се вели во соопштението на компанијата издадено во понеделникот
Претходно швајцарските медиуми објавија дека PostFinance, врши проверка на податоците за жиро-сметката отворени во името на Џулиан Асанж. Станува збор за сметка на која поддржувачите на Wikileaks да уплаќаат донации за интернет страницата.„PostFinance ја затвори жиро-сметката на основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж. Решението е донесено откако се утврди дека Асанж при отворањето на сметка дал лажни информации во врска со неговото место на живеење“, се наведува во соопштението на компанијата, што го цитира AFP.Според PostFinance, како место на живеење Асанж го навел градот Женева.„Проверката покажа дека оваа информација е неверодостојна. Асанж не може да обезбеди доказ за престој во Швајцарија, така што не може да ги исполни барањата да стане клиенти на PostFinance“, се додава натаму во соопштението.Претходно, на интернет страницата Wikileaks којашто продолжува со објавувањето на интригантните тајни преписки на американската дипломатија и администрацијата, услугите и ги откажаа електронските платежни системи Amazon.com, Paypal и EveryDNS. PayPal во своето образложение наведоа дека се решиле на овој чекор откако американските власти соопштија дека активност на итнернет страницата со објавувањето на документите се крши законот. Исто така, образложувајќи ја оваа одлука, PayPal се повикува на одредени сопствени услови за услугата коишто забрануваат употребата на системот за плаќање за секоја активност која е на некој начин поврзана со нелегални активности.Судот во Стокхолм во ноември го одобри барањето на обвинителството да ги приведе 39-годишниот Австралиец, кој е обвинет дека во Шведска за силување и сексуално малтретирање, а од 20 ноември Интерпол (на барање од канцеларијата на шведскиот обвинител) дистрибуираше до сите 188 земји членки на организацијата ткн. „црвена потерница“ со името на Асанж , што е еднакво на негово влегување на листата на најбарани лица. Сепак, според адвокатот на Санж, Марк Стивенс, Скотланд Јард ќе го отфрли налогот бидејќи тоа ги прекршува законските норми. Во четвртокот, британскиот весник Independent напиша дека Асанж наводно се наоѓа во Лондон, и дек ана полицијата и ги дал сите негови контакти и адресата на којашто престојува.Асанж самиот ги отфрла обвинувањата, нарекувајќи ги дел од „валканата кампања“ што се води против Wikileaks од јули годианва кога почна со објавувањето на тајните документи на Пентагон за војните во Авганистан и Ирак.Од мМинатиот понеделник Wikileaks повторно е во центарот на вниманието на светската јавност откако почна со објавување на официјалната тајна кореспонденција на американските дипломати со Стејт департментот. Во депешите на амбасадорите на САД и лица од администрацијата со непријатни карактеристики се опишуваат настани во многу земји, како и се даваат накарадни оцени за голем број светски лидери. Инаку документите што ги објавува WikiLeaks не ја носат ознаката „строго доверливо“, туки се квалифицирани како „за вантрешна употреба“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

