Свет
Папата бил во хитлеровата младина против своја волја
Портпарол на Бенедикт XVI, одговорајќи на забелешките дека Папата при посетата на Светата земја недоволно зборувал за холокаустот и дека и самиот членувал во нацистичкиот подмладок, изјавил дека тоа било без негова волја
„Тој самостојно тоа не го избрал“, изјавил Фредерико Ломбарди, портпаролот на Папата на прес-конференција во Беетлеем. Тој додал дека според нацистичкиот указ сите малди морале да бидат зачленети во Хитлерјунгенд. Тој се обидел дека Бенетикт XVI со сите свои соученици пред крајот на Втората светска војна бил вклучен во помошните противоздушни единици.Инаку, изјавата дека Папата не членувал во хитлеровата фашистичка младина доброволно, е во спротивност со досегашните целосно негирања на ваквите тврдења, вклучително и онаа од вчера.На прашањето на нацистичкото или воено минато на Папата, во Израел му се придава големо значење, бидејќи односите меѓу Израел и Ватикан се затегнати заради гледиштата на папата Пие XII во времето на холокаустот. Посебно на Бенедикт XVI му се забележуваше тоа што во јануари годинава во редовите на црквата врати бискуп кој беше екскомунициран заради негирањето на холокаустот. Папата во вторникот беше жестоко критикуван од израелските медиуми и политичари кои му забележува дека во Музејот на сеќавањето на холокаустот Јaд Вашем при говорот се држел многу неутрално, дека во неговото обраќање немало сочувство и дека не се извинил ниту во свое име, ниту во името на германската нација, ниту во името на христијанството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

