Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски крие петиција од советничката група
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Советот на Општина Карпош денеска го обвинија градоначалникот на општината Стевче Јакимовски дека ја сокрил Петицијата од граѓани од Злокуќани испратена до нив.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Советот на Општина Карпош денеска го обвинија градоначалникот на општината Стевче Јакимовски дека ја сокрил Петицијата од граѓани од Злокуќани испратена до нив.
„По неколку упатени прашања до градоначалникот Стевче Јакимовски, претседавачот на Советот Трифун Трифуновски и до присутните од општинската администрација дали до Општината е доставен било каков писмен допис од граѓани, сите тврдеа јавно на говорница дека нема никаков допис, но ние го имаме дописот кој ни беше составен од граѓаните“, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Писмениот допис кој според советниците до Општината Карпош бил доставен на 19 месецов е „Петиција за распишување на избор на раководство и претседател на Урбана заедница Злокуќани“.
„Фатен во лага, градоначалникот призна дека постои таков допис и се дрзна да не убедува дека тој проверил се, дека петицијата и проблемите во Злокуќани треба да ги заборавиме и дека позади бунтот на граѓаните во Злокуќани стои ВМРО-ДПМНЕ, пробувајќи да ја дефокусира јавноста“, се додава во соопштението на советниците од ВМРО-ДПМНе во Општина Карпош.
Со сокривањето, тврдат советниците, градоначалникот Јакимовски сака да ги избегне проблемите на граѓаните.
„Очигледно ваквата ситуација му одговараше на Стевче Јакимовски, се додека не кулминираше револтот на граѓаните од Злокуќани, насочен против самоволието на неговите нелегитимни претставници во месната самоуправа, што резултирало со собирање на потписи за нивна смена.“, се додава во соопштението до медиумите упатено од советниците на ВМРО-ДПМНЕ./крај/со/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од ул. Павле Божинов(општина Гази Баба)
· во периодот од 08.00 до 12.00 часот корисниците ул. 28 и ул. 30 од С.Белимбегово Илинден (општина Илинден)
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот корисниците ул.Мирче Оровчанец (општина Центар)
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот корисниците од дел од ул. Петар Манџуков (општина Бутел)
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот корисниците ул. Индира Ганди 31 (општина Шуто Оризари).
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците од Амбулантата во Ѓорче Петров и околните корисници (општина Ѓорче Петров)
· во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците од Жито Алтан, дел од Дрма, Живинарска Фарма.(општина Гази Баба)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од с.Глуво.(општина Чучер Сандево)
Македонија
Наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Денеска и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, суво и тивко. Во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.
Македонија
Делови од Бутел, Карпош и Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување приклучок на улицата Александар Урдаревски бб за Полициска станица Бутел во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на две куќи од улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на улицата Христо Смирненски 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Зур маркет до бул.Партизански Одреди), општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација соопштуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Васил Ѓорѓов 19, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и дел од улицата Народен Фронт, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

