Свет
Растот на гради кај бебиња во Кина не е поврзан со млекото
Стручњаците кои го истражуваа последниот скандал во верска со безбедноста на кинеската храна не пронајдоа врска помеѓу спорното млеко и растот на градите кај три бебиња, објави кинеското Министерство за здравство, пренесува Асошиејтед прес
Министерството ја покрена истрагата по жалбите на група родители дека на бебињата почнале да им растат градите откако го пиеле млекото на компанијата „Синутра Интернешенел Инк.“.
„Истрагата по тестирање на примероци од 14 производители не пронајде ништо абнормално во врска со количината на хормони содржани во млекото во прав од „Синутра“ и од други производители“, соопшти портпаролот на министерството, Денг Хаихуа. Тој додаде дека, конкретно во млекото на „Синутра“ не се пронајдени додатни полови хормони.
Експертската група на министерството, според тоа, заклучила дека растот на градите кај бебињата нема никаква врска со млекото на оваа компанија.
Според директорот на Ендокринологија во пекиншката болница „Унион“, Ву Суејан, кај бебињата биле констатирани абнормални нивоа на хормоните естрадиол и пролактин, кои ја стимулираат лактацијата или создавањето на млекото во женските гради. Бебињата минувале низ „мини пубертет“, но коските и растот на телото биле нормални за нивната возраст. Тој тврди и дека растот на градите бил „во рамките на нормалниот физички обем“ и далеку помал отколку да бил предизвикан од надворешно внесен естроген, женски полов хормон.
Кина во изминативе неколку години повеќе пати беше потресена од скандали во врска со безбедноста на производите, од кои неколку беа со фатални последици, како што беше отровната паста за заби, неисправните гуми за возила и „збогатено“ млеко во прав.
Во 2008 година, преку 300.000 деца се разболеа, а шест умреа по конзумирањето на формула за млеко во прав збогатено со индустриската хемикалија меламин, кои доставувачите го додавале за да ги измамат тестирањата во врска со количината на протеини во млекото. Скандалот доведе до затворски казни за првите луѓе на одговорната компанија и и нанесе сериозна штета на кинеската млечна индустрија. /крај/ап/ссе/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

