Свет
Иранска правда: за ослепување 20 капки киселина во секое око
Иранката која беше ослепена, на нејзиниот напаѓач ќе му капне во секое око по 20 капки киселина. Триесетгодишната жена беше жртва на пет години помладиот напаѓач кој со сулфурна киселина заради тоа што ја одбила неговата брачна понуда
Иранскиот суд по петгодишен процес ја донесол пресудата како иста мерка која треба да и’ пружи сатисфакција на Аманех Бахрами која по нападот од Мајид Емовахеди остана слепа и накажана. Емовахеди својот налудничав напад со фрлање сулфурна киселина во лицето двојката го направил затоа што во 2004 г. Бахрами двапати ги одбила неговите понуди за брак, иако нејзиното семејство ја наговарало да го прифати бракот. Напаѓачот се решил да ја казни на традиционален начин, ја пречекал несреќницата пред зградата во која работела и во лицето и испрскал сулфурна киселина. Оваа киселина е една од најсилните а докторите велат дека ниту може да се замисли колкави болки трпела жената. Во последните четири години Бахрами во Шпанија била оперирана вкупно 17 пати, а останала таму и да живее. По нападот таа го пријавила Емовахеди на иранскиот суд кој суди според ткн. „право на задоволување“, при што на виновникот во случаи на повреди и оштетувања меѓу две странки на виновникот му се одредува идентична казна. Така Бехрами добила од судот право со свои раце да го ослепи својот напаѓач. Според пресудата, Емовахеди нема да може да се брани затоа што ќе биде врзан за столица и ќе биде под наркоза. Така тој нема да почувствува како ослепената од него Бахрами со пипање по неговото лице ќе му ги бара очите, а лекар ќе и’ помогне да ги отвори очните капаци. Потоа како што пропишал во казната судот,. Со пипета ќе му капне од киселината во очите. Казната ќе се изврши на 15-ти април.„Ако самата не успеам, мојата мајка ќе ја спроведе одмаздата наместо мене. Сепак, се надевам дека тоа нема да биде потребно. Сакам самата да ја спроведам казната, како што ми дозволува правото. Не сакам мојата мајка да се чувствува виновна, а сигурно така ќе се чувствува бидејќи одмаздата е нешто лошо. “, изјавила Аманех за новинарите на германскиoт весник Bild .Жената додала и дека сака да се одмазди затоа што тој ја осакатил. Бахрами исто така изјавила дека Емовахеди ја молеле да му го остави барем едното око, но рекла дека за тоа е предоцна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Туск: Полска е премногу силна
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Русија се обидува да ја дестабилизира Полска бидејќи, како што процени, Варшава денес претставува „премногу силна држава“ за да биде директно нападната. Неговата изјава ја пренесува веб-страницата Lidovky.cz.
„Русија сака да нè ослабне по секоја цена, бидејќи денес Полска е премногу силна за да ја нападне директно“, рече Туск, додавајќи дека, според него, стратегијата на Москва е јасна и насочена кон внатрешен раздор.
Според Туск, целта на Москва е „да ја подели Полска со Европа, со Украина и пред сè – да ги натера Полјаците да се караат едни со други“, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Претставници на ЕУ: Трамп доби часовник и златна прачка за да ги намали царините за Швајцарија
Функционери на Европската Унија и Швајцарија денес оценија дека подароците што група швајцарски милијардери му ги дале на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучувајќи златен часовник „Ролекс“ и гравирана златна прачка во вредност од 130.000 долари (околу 113.000 евра), биле „непочитувачки“ и дека биле дадени за Швајцарија да добие намалување на царините од Соединетите Американски Држави.
Италијанскиот член на Европскиот парламент, Пасквале Тридико, изјави дека е „згрозен“ од скапите подароци, кои биле дадени неколку недели пред Трамп да одлучи да ги намали царините од 39 проценти за швајцарскиот увоз на 15 проценти, објави „Гардијан“.
„Ова е навистина ужасно“, рече Тридико, наведувајќи дека се чини дека станува збор за „претворање на надворешната политика во политика на поединци“.
Фото: принтскрин
Свет
Медведчук: Украина не е во можност да ги исполни американските услови за мир
Властите на Украина не се во можност да ги исполнат барањата на САД во врска со мирно решавање на конфликтот, бидејќи тие подразбираат целосна промена на владата и државната идеологија – нешто што во моментов нема никој во Украина да го обезбеди, а сегашниот режим сака да владее со земјата до бесконечност, изјави претседателот на советот на движењето „Втора Украина“, Виктор Медведчук, пренесува РИА Новости.
„Токму оние точки од планот што стигнаа до медиумите не подразбираат отстапки, туку радикална промена во надворешната и внатрешната политика на Украина. Тоа е целосно ресетирање на владата и државната идеологија. Нема никој што ќе обезбеди таков пресврт во Украина на Владимир Зеленски денес: оние што можеа да го обезбедат тоа беа протерани, уапсени или убиени. Нема враќање назад“, рече Медведчук во соопштение објавено на веб-страницата на движењето „Втора Украина“.
Тој истакна дека постојат барања од Вашингтон што сегашното украинско раководство едноставно не е во можност да ги исполни.
„Не затоа што овие барања се лоши или неправедни, туку затоа што администрацијата на концентрациониот логор не е во состојба да обезбеди демократски промени. Исто така, постои и раководство на земјата кое сака да владее со неа бесконечно, без да се осврнува на законите, правата и слободите на граѓаните“, додаде Медведчук.
Според него, мирот не е прифатлив за Зеленски во никаква форма.
„Ако нелегитимното лице воопшто попушти во нешто, тоа е пресуда за неговата криминална политика. Затоа ќе се врти како вошка на чешел, но нема да се согласи со ништо“, рече Медведчук.
Според весникот „Фајненшл тајмс“, планот предложен од САД подразбира намалување на американската воена помош за Киев, признавање на официјалниот статус на канонската Украинска православна црква и прогласување на рускиот јазик за државен јазик во Украина, така што Киев ќе ја прифати реалноста, односно дека Донбас е дел од Русија, како и намалување на украинските вооружени сили.
Планот вклучува и забрана за распоредување на странски трупи на украинска територија и забрана за испорака на оружје со долг дострел во Киев. Како што објави порталот „Аксиос“, планот подразбира дека САД и другите земји ги признаваат Крим и Донбас како легитимни руски територии.
Фото: принтскрин

