Економија
Почнува саемската манифестација Агрофуд 2009

Меѓународниот саем за широка потрошувачка Агрофуд 2009, на кој учество најавија повеќе од сто домашни и странски изложувачи, ќе биде отворен во вторник навечер на Скопскиот саем
Како што најави организаторот, цената на една влезница за самеската манифестација која ќе трае до 14 ноемри, ќе изнесува 30 денари, додека влезот за пензионерите е слободен.Според најавите, на Агрофуд 2009 ќе учествуваат изложувачи од прехрамбената, тутунската, конзервната индустрија, производители на вино, пиво и жестоки алкохолни пијалаци, на безалкохолни пијалоци и вода, кондиторски производи, семенски производи, агроиндустија, амбалажа, репроматеријали, холтикултура и друго.Покрај индивидуални изложувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Франција, Италија, Грација, ќе има и групни изложувачи југозападна Србија, Словенија, Унгарија и Индија.Во рамки на манифестацијата, во среда ќе се одржи Регионален министерски форум на тема „Зголемување на конкурентноста на земјоделството за полесен пристап на пазарот на ЕУ“.За време на саемските денови ќе има и бројни презентации на македонскито фолклор, вино и храна, предвидени се јавни дегустации на вино и млеко, а во надворешниот простор од саемот ќе се одржува манифестацијата „Храна, пиво и вино на отворено“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 55. сесија на Клубот на истражувачите

На 25 септември 2025 година, четврток, со почеток во 14 часот, во просториите на Народната банка ќе се одржи 55. сесија на Клубот на истражувачите.
Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве покануваме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 15 септември 2025 година (понеделник).
Трудовите треба да бидат изработени во согласност со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот, како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултатите и сознанијата и од истражување/труд во работна верзија.
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и за дискусија за научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.
Економија
Цената на златото расте: „Зголемените нивоа на економска неизвесност го прават попривлечно“

Цените на златото скокнаа на рекордно високо ниво, надминувајќи го претходниот рекорд поставен во април откако претседателот Доналд Трамп воведе тарифи на „Денот на ослободувањето“, во услови на слаб долар и очекувања за намалување на каматните стапки во САД овој месец, јавуваат светските агенции.
Според написите, цената на златото порасна за 0,9 проценти на 3.508,70 долари за унца во азиската трговија, пред да ги намали добивките на 3.497 долари.
Побарувачката за злато се зголеми бидејќи инвеститорите го гледаат како заштита од инфлација и поширока макроекономска неизвесност, велат аналитичарите.
Растечките загрижености за независноста на Федералните резерви откако Трамп изврши притисок врз претседателот Џеј Пауел и се обиде да ја отстрани гувернерката Лиза Кук, како и очекувањата за намалување на каматните стапки, го поттикнаа најновото зголемување.
„Сè се спојува за да се создаде совршена ситуација за повисоки цени на златото“, рече Дејвид Вилсон, раководител на стратегијата за стоки во BNP Paribas. „Зголемените нивоа на економска неизвесност јасно го прават златото попривлечно.“
Приливот во фондовите за злато што се тргуваат на берза се појави како главен извор на побарувачка што ги поддржува цените, напиша „Голдман Сакс“ во неодамнешна белешка. Аналитичарите на банката предвидуваат дека спот цените ќе достигнат 4.000 долари за унца до средината на следната година.
Фото: принтскрин
Економија
Царината: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август

За 14,5 милиони евра е зголемена наплатата на приходи во август во царината во споредба со истиот месец минатата година, што претставува рекорден раст на приходите од 8,9 проценти остварени на месечно ниво годинава, соопшти Царинската управа.
Притоа, најголем раст од 19,5 проценти е остварен во наплатата на акциза, при што по овој основ во август се собрани приходи од 3,78 милијарди денари.
Наплатата на приходи од царина пак, бележи пораст од 7,9 проценти, додека приходите од данокот на моторни возила бележат раст од 7,3 проценти.
„Претходниот месец наплатата на приходите беше зголемена за 10,5 милиони евра, овој месец за 14,5 милиони евра. Ова е новиот систем на вредности во Царинската управа. Систем што генерира повисоки приходи во Буџетот на државата, систем што овозможува повеќе пари за болници, училишта, патишта. Одржлив систем што го разобличува криминалот и ја издигнува економијата на државата”, вели директорот Бобан Николовски.
Кумулативно од почетокот на годината Царинската управа наплати приходи од 86 милијарди денари или 1,4 милијарди евра, што е за 65,5 милиони евра повеќе од лани истиот период.