Свет
Франција особено ќе внимава на почитувањето на човековите права во Либија
Франција особено ќе внимава на почитувањето на човековите права, посебно на еднаквоста помеѓу мажите и жените во Либија, истакна француското министерство за надворешни работи во врска со вчерашните најави на либиските челници за повторно воведување на шеријатот.
Франција особено ќе внимава на почитувањето на човековите права, посебно на еднаквоста помеѓу мажите и жените во Либија, истакна француското министерство за надворешни работи во врска со вчерашните најави на либиските челници за повторно воведување на шеријатот.
„Ќе внимаваме на почитувањето на човековите права и на демократските принципи, особено на културната и на верската разноврсност и рамноправноста на мажите и жените, принципи на кои Франција е цврсто приврзана“, изјави портпаролот на министерството, Бернар Валеро.
По повод свеченото прогласување на ослободувањето на Либија вчера во Бенгази, претседателот на либискиот национален преоден совет (НТЦ), Мустафа Абдел Џалил, изјави дека правниот систем на земјата од сега ќе се темели на шеријатскиот или исламскиот закон и дека престануваат да важат законите од времето на гадафи , со кои се забрануваше полигамија и се дозволуваше разводот.
„Претседателот Абдел Џалил рече дека исламот ќе биде главен извор на либиското право и дека ќе се залага за принципите на умерениот ислам. Му веруваме на либискиот народ кој се осмели да се ослободи од 40-годишната диктатура за да изгради правна држава, во согласност со принципите на меѓународната заедница“, додаде Валеро.
Француска беше еден од најголемите промотори и поддржувачи на либиската револуција против диктатурата на Гадафи, ја предводеше меѓународната воена интервенција во земјата и беше првата држава која го призна НТЦ уште во март годинава. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

