Спорт
Од англскиот Лига куп испаднаа Челзи, Ливерпул, Манчестер сити

Трите англиските фудбаски великана се исфрлени од Лига купот по средбите во среда навечер, откако беа изненадени во третото коло од од Њукасл, Нортамптон таун и Вест бромбич албион
Актуелниот шапмион и лидер на Премиершип Челзи е поразен на својот „Стенфорд бриџ“ од повратникот Њукасл со 3:4. Во одличниот динамичен натпревар со седум голови, пресуден беше голот на Шол Амеобиа во судиското дополнување. Амеоби постигна гол и во 49. минута, а за Њукасл стрелци беа уште и Нил Ренџер во 27. и Рајан Тејлор во 32. минута. Головите за лондонските „сини“ беа Патрик Ван Аанхолт уште во 6. минута и Николас Анелка во 70. и во 87. минута од пенал. Ова е прв пораз на Челзи оваа сезона во своите натпреварувања, а прва обеда на Њукасл на „Стенфорд бриџ“ од 1986 г. Ливерпул исто така на домашниот стадион „Ејнфилд“ е елиминиран од четвртолигашот Нортамптон таун по изведување на пеналите со 2:4. атпреварот во регуларните 90 минути заврши 1:1 а по продолжувањата беше 2:2. За „редсите“ головите ги постигнаа Милан Јовановиќ во 9. и Давид Нгог во 116. минута, а за гостите Били Мекеј во 56 и Мајкл Џејкобс во 98. минута.Манчестер сити, клубот кој пред почетоткот на сезоната потроши најмногу пари на засилувања е поразен на гости од Вест бромвич албион со 1:2. „Граѓаните“ поведоа со голот на Џо во 19. минута, но ВБА во второто полувреме за две минути преку Џани Зуиверлон во 55. и Сајмон Кокс во 57. минута го преврти резултатот во своја полза.Еденствен од англиските фудбалски гиганти без проблеми забележа победа е Манчестер јунајтед кој на гостувањето кај нисколигашот Сканторп јунајтед победи со 5:2 Астон вила го совлада Блекбурн со 3:1, а Виган го совлада Престон норт енд со 2:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Раниери ја одби Италија

Клаудио Раниери (73) ја одбил понудата да биде селектор на италијанската репрезентација по заминувањето на Лучијано Спалети (66).
„Му се заблагодарувам на претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, за оваа можност. Тоа е голема чест, но по внимателно разгледување, решив целосно да останам на располагање на Рома во мојата нова улога“, рече Раниери.
„Фридкинс (сопствениците на Рома) ми дадоа целосна поддршка за секоја одлука што би ја донел во врска со националниот тим, но ова е исклучиво моја одлука“, додаде Раниери.
Раниери, кој во својата кариера ги водеше Интер, Јувентус, Атлетико Мадрид, Челзи, Лестер, со кого ја освои титулата во англиската Премиер лига во 2016 година, и Монако, неодамна ја презеде улогата на стратешки советник на американските сопственици на Рома.
Минатиот ноември ја прекина пензијата за да ја спаси Рома, која се мачеше во Серија А. Раниери беше фаворит да го наследи Спалети, кој последен пат ја водеше италијанската репрезентација во победата од 2:0 над Молдавија во понеделник.
Спорт
Тудор и следната сезона ќе го предводи Јувентус

Игор Тудор ќе остане тренер на Јувентус и следната сезона. Тудор среде сезоната го замени Тијаго Мота и успеа да го освои четвртото место.
„Одлучивме да ја продолжиме соработката со Игор за Светското клупско првенство, но и за следната сезона, а се надевам и подолго од тоа“, изјави новиот генерален директор на Јувентус, Дамиен Комоли, на својата прва прес-конференција.
Ова е крај на долга сага во која се шпекулираше со иднината на хрвастскиот тренер.
Во март тој потпиша договор до крајот на сезоната, со клаузула дека автоматски ќе биде продолжен за една година доколку избори пласман во Лигата на шампионите.
Во девет натпревари со Јувентус, Тудор постигна пет победи, три нерешени резултати и еден пораз, а неговиот следен тест е Светското клупско првенство овој јуни и јули. Јувентус е во група со Манчестер Сити, Ал Аин и Видад Казабланка.
За потсетување, Тудор помина девет години како играч во Јувентус, додека во сезоната 2020/21 му беше помошник на Андреа Пирло. Потоа, тој ги водеше Верона, Марсеј и Лацио. Претходно во својата кариера, тој двапати ги тренираше Хајдук и Удинезе, а исто така ги водеше и ПАОК, Карабукспор и Галатасарај.
Спорт
Кипар ги одби Макаби и Хапоел

Властите на Кипар нема да дозволат израелските клубови да бидат домаќини во нивната земја. Планот на екипите од Евролигата, Макаби и Хапоел, беше во новата сезона да бида домаќини на Кипар. Макаби изминатите две сезони, беше домаќин во Белград.
Грчките медиуми објавија претходно дека Лимасол ќе биде градот каде што израелските клубови ќе ги играат своите домашни натпревари во елитното натпреварување.
Сепак, според грчките медиуми, дошло до пресврт. На израелските клубови им е забрането да бидат домаќини поради безбедносните мерки и технологијата што ги придружува ваквите натпревари.
Се пишуваше дека Израелците размислуваат и за Родос, додека Белград беше нивниот безбеден дом во претходниот период.
Останува да се види каде Макаби и Хапоел ќе ги играат своите домашни натпревари.